Ана Јовановска (р. 1991) — македонска академска графичарка.
Животопис Ана Јовановска е родена во 1991 година. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде магистрирала во 2016 година, на одделот за графика.„Ана Јовановска излага во Куманово“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 21.
Студира како стипендист и при Факултетот École supérieure d'arts & médias de Caen/Cherbourg во Франција. Во текот на студирањето, добитник е на наградата за најдобра графика „Драгутин Аврамовски-Гуте“, признание за постигнат највисок просек и одлични резултати во текот на студиите на Факултетот за ликовни уметности и се здобива со Grand Prix на VIII младински пролетен салон од НГМ - Мултимедијален центар Мала станица.
Учествува на „XI Биенале на млади“, НГМ - Мултимедијален центар Мала станица, на „Привремена духовна ремедијација“ во рамките на „Скопско лето“, дава дело за Imago Mundi, номинирана е за наградата „Денес за млад уметник на годината“ (2016) и ја промовира својата не-комерцијална книга Collection of False Memories во Франција и Босна и Херцеговина. Издава зин „По Трагите“ за Private Print, Paragraphie со Асемблаж Атлас за Фестивалот на современата уметност АКТО итн.
Творештво Има повеќе самостојни изложби во Македонија и странство и учествува на повеќе од 70 групини изложби во Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Романија, Чешка, Полска, Русија, Италија, Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Мексико, Аргентина, Колумбија и САД итн.
На 25 ноември 2016 година, во Центарот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово била отворена самостојна изложба на графики, објекти и видеа на Јовановска, со наслов „Буквата за себе и човекот“.
Наводи
Категорија:Македонски сликари