Суња е десна притока на реката Сава, долга 69 км.
Извира во Зринска Гора, на висина од 600 м. Порано се изливала во плитка депресија и на должина од околу 20 км, се движела споро и паралелно со Сава, а во поново време е канализирана.
Се влева во Сава, наспроти селото Пуска, 12 км северозападно од Јасеновац, на 91 м надморска височина. Површината на нејзиниот слив изнесува 462 км2.
Наводи
Категорија:Реки во Србија Категорија:Притоки на Сава