Властимир Николовски (Прилеп, 20 декември 1925 - Скопје, ) - македонски композитор. Тој историографски е категоризиран во втората генерација македонски повоени композитори.
Животопис По завршувањето на студиите во Белград, Николовски се вработил во Средното музичко училиште во Скопје, а потоа предавал на Педагошкиот факултет и на Високата музичка школа (подоцна, Факултет за музичка уметност) во Скопје. Покрај тоа, тој бил музички уредник во Радио Скопје, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија и на Сојузот на композиторите на Југославија. Во 1981 година бил избран за редовен член на МАНУ.55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.
Творештво мини|десно|180п|Споменик на Властимир Николовски на Мостот на уметноста во Скопје. Николовски бил еден од најплодните македонски автори на XX век, со околу 140 творби за најразлични состави. Особено маркантни се неговите вокално-инструментални композиции (ораториуми, кантати) и неговите оркестарски дела. Сепак, највисоките творечки дострели ги остварил на полето на хорската музика и во делата во кои доминира човечкиот глас. Во целото свое творештво Николовски се инспирирал од фолклорот, водејќи се од идејата дека треба да се одбегнуваат радикалните постапки на музичката авангарда од XX век, бидејќи тие се само „израз на творечката немоќ и стерилност“. Токму затоа, неговиот музички јазик е умерен, експресивен, со потпирање на духовното и фолклорното поднебје на Македонија. Исто така, тој се занимавал и со публицистика при што напишал над 30 статии во кои обработува проблеми главно сврзани со македонското музичко творештво.
Дела Сердарот. кантата (1963); ораториуми: Клименту (1966); Кирилу (1969); Непокор (1979); три симфонии (1957-1975); Концерт за пијано и оркестар (1978); Концерт за виолина и оркестар (1987); По патиштата. вокален циклус (1969); Црнила. за глас и гудачи (1984);.
Наводи
Надворешни врски
Профил на Властимир Николовски — СОКОМ
Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски академици Категорија:Југсословенски композитори Категорија:Југсословенски универзитетски професори Категорија:Југсословенски уредници Категорија:Југсословенски академици Категорија:Југсословенски Македонци Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Професори на Факултетот за музичка уметност - Скопје