Свети Никола — главна селска црква во селото Наколец, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа во средиштето на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Црквата била изградена во 1884 година, која е исклесана во камен над влезот од јужната страна.
Градба
Црквата „Св. Никола“ се наоѓа во средишниот дел на самото село. Сместена е во оградениот простор, заедно со селските гробишта. Според својата архитектонска градба се вбројува во типот на мали трикорабни псевдобазилики, со петтострана апсида на исток и доградени помошни простории крај западната фасада.
Црквата била изградена во 1884 година, што можеме да го дознаеме од натписот исклесан во камен над јужниот влез во црквата. Во внатрешноста на црквата се влегува од јужната страна и тоа низ еден влез кој води во наосот и еден, кон олтарскиот простор. Јужната фасада во поново време е измалтерисана, така што автентичниот опус на ѕидаријата може да се види само на источниот и северниот ѕид. Кровот е со едноставно решение на две води.
Фрескоживопис
Врз ѕидните површини на наосот и олтарскиот простор не се сочувале траги од постаро сликарство.
Можеби постоечкото сликарство од поново време со лош квалитет е нанесено токму врз постарите насликани партии, со што е нарушена автентичната содржина на црквата.
Иконостас
Наосот е издвоен од нартексот со ниска преграда, додека пред олтарскиот дел е иконостасот со три реда на икони. На иконостасот се икони работени од повеќемина анонимни мајстори.
Галерија
Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Подмочанско-љубојнска парохија Наколец
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Наколец Наколец