Мануел Локатели (роден на година, во Леко) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Биографија Мануел е роден на 8 јануари 1998 година, во Леко, како најмалото од трите деца на неговите родители Симона и Емануеле Локатели. Тој има брат Матија, кој исто така е професионален фудбалер, и сестра Мартина. Љубовта кон фудбалот кај него и неговиот постар брат Матија потекнува од нивниот татко, Емануеле, кој бил фудбалски тренер и нивниот прв фудбалски учител.

На 21 јуни 2022, тој се оженил со својата долгогодишна партнерка Теса Лачович, со која бил во врска од 2016 година.

Технички карактeристики Технички надарен централен играч од средниот ред, во комбинација со добри вештини за освојување на топката; како резултат на неговите квалитети и вештини кои ги поседува, тој најчесто игра на позицијата плејмејкер во средниот ред односно како прв човек пред одбраната. Исто така, е вешт во уфрлувањата од втор план и има одличен удар од далечина.

Во 2015 година, тој бил вклучен во листата на најдобрите педесет фудбалери родени во 1998 година составена од Гардијан.

Клупска кариера Милан По потекло од Галбијате, започнал да игра фудбал во младинскиот центар во Пескате, каде тренер бил неговиот татко Емануеле. Во 2007 година, тој се приклучил на младинската академија на Аталанта, а две години подоцна на 11-годишна возраст се преселил во младинскиот сектор на Милан. За росонерите играл и напредувал низ сите младински селекции од Есордиенти до Примавера.

Во вториот дел од сезоната 2015-2016 тој бил додаден во првиот тим на Милан кој бил под водство на тренерот Кристијан Броки. На 21 април 2016 година, на возраст од 18 години, го направил своето деби во Серија А во натпреварот против Карпи (0-0) одигран на Сан Сиро, влегувајќи како замена од клупата на местото на Андреја Поли во 87-мата минута. На 14 мај истата година, тој го одиграл својот прв натпревар во кариерата како стартер, правејќи го тоа против Рома во последното коло од Серија А за сезоната 2015-2016.

Во следната сезона тој нашол повеќе простор за игра под водството на тренерот Винченцо Монтела, кој го користел постојано по повредата на Рикардо Монтоливо. На 2 октомври 2016 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот против кој завршил со резултат 4-3 за Милан. На 22 октомври, тој го постигнал решавачкиот гол во дербито против Јувентус, што завршило со победа на неговата екипа од 1-0 (за прв триумф на Милан над бјанконерите по четири години), со прекрасен удар откосо од десната страна праќајќи ја топката точно под пречката. На 23 декември, со победата по изведување на пенали против истиот противник во Суперкупот на Италија, Локатели со клубот го освоил првиот трофеј во неговата кариера. На 25 јануари 2017 година, во уште натпревар против бјанконерите, го добил својот прв црвен картон во професионалната кариера. Сезоната ја завршил со 25 настапи и два гола во лигата, а исто така забележал уште два настапи во Купот и еден во Суперкупот на Италија.

На почетокот на следната сезона, на 3 август 2017 година, тој го направи своето деби во европските купови, играјќи во реваншот од третото квалификациско коло за УЕФА Лига Европа, победата со 2-0 против романската . Често почнувајќи ги натпреварите во Лига Европа, тој сепак имал помала минутажа во лигата каде забележал само 21 настап, бидејќи во неговата улога бил претпочитан поискусниот соиграч Лукас Биља кој пристигнал во текот на летото.

Сасуоло На 13 август 2018 година, Локатели бил позајмен на Сасуоло со обврска за откуп. Дебитирал за Сасуоло на 26 август, во второто коло од првенството, во ремито 2-2 против Каљари на Сардења Арена. Својот прв гол за клубот од Емилија-Ромања го постигнал во Купот на Италија, во натпреварот од четвртото коло против Катанија на 5 декември, со кој го поставил конечниот резултат 2-1 за неровердите. На 26 јануари 2019 година, тој го постигнал својот прв првенствен гол против Каљари, отворајќи го резултатот во победата со 3-0, пронаоѓајќи го патот до мрежата во еден натпревар од Серија А по повеќе од 2 години. Својата прва сезона во Сасуоло под водство на тренерот Роберто Де Зерби ја завршил со 29 настапи и 2 гола.

Следната година, тој дефинитивно се докажал како клучен централен играч од средниот ред во формацијата 4-2-3-1 што ја користел Де Зерби, и придонел за одличната сезона на Сасуоло, кој ја освоил 8-мата позиција во првенство.

Тој ги потврдил својте добри игри и во сезоната 2020-2021, постигнувајќи 4 гола во лигата со кој му помогнал на тимот повторно да го освои 8-мото место на табелата втора последователна година.

Јувентус На 18 август 2021 година, тој потпишал за , откако бјанконерите и Сасуоло постигнале договор за трансфер на играчот, преку бесплатна двегодишна позајмица со обврска за откуп за 25 милиони евра (плус 12,5 милиони евра во бонуси). Дебитирал за Јувентус на 22 август, влегувајќи како замена во 90-тата минута на местото на Родриго Бентанкур, во ремито 2-2 на гостувањето кај . На 14 септември, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите, во натпреварот од групната фаза добиен со 3-0 против Малме. Потоа, на 26 септември, во победата од 3-2 против , тој го постигнал својот прв гол во во дресот на Јувентус. Една недела подоцна, тој го одлучил градското дерби (0-1), одиграно на теренот на Торино, со гол во 86-тата минута. Својата прва сезона со Јувентус ја завршил со 43 настапи во сите натпреварувања и 3 гола во првенството. Во сезоната 2022-2023 забележал 49 настапи, без ниту еден гол.

На почетокот на следната сезона, на 22 октомври 2023 година, седум години подоцна повторно го решил италијанското „класико“ меѓу Јувентус и Милан, овојпат постигнувајќи го победничкиот гол за „бјанконерите“ во 63-тата минута. На 11 ноември, за време на победа на домашен терен над , тој за првпат ја носел капитенската лента на клубот. Сезоната ја затворил со освојување на својот прв трофеј во црно-белиот дрес, Купот на Италија, и покрај тоа што морал да го пропушти финалето во Рим против поради суспензија.

Во сезоната 2024-2025, поточно во јануари 2025 година, по заминувањето од клубот на Данило, Локатели станал трајно нов капитен на Јувентус. Тој го постигнал својот прв гол за сезоната на гостувањето против (1-1), носејќи им на „бјанконерите“ привременото водство. Неговиот втор гол, кој дошол од пенал, бил и последниот гол за Јувентус во првенството, а истиот им донел победа од 3-2 на гостувањето кај и пласман во Лигата на шампионите.

На 29 ноември 2025, во натпреварот на домашен терен против добиен со 2-1, Локатели го одиграл својот 200-ти натпревар во дресот на Јувентус. На 26 февруари 2026, го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, реализирајќи пенал во победата со 3-2 над . На 17 април, тој го продолжил својот договор со Јувентус до 2030 година.

Репрезентативна кариера Младински репрезентации По неколку настапи во италијанските младински репрезентации под 15 и под 16 години, во 2013 година се приклучил на под 17 години, со која настапил на Европското првенство за играчи под 17 години во 2015 година. Во 2016 година, учествувал на Европското првенство под 19 години: на овој настан постигнал гол, и тоа од директен слободен удар, во вториот натпревар од групната фаза против Австрија што завршил 1-1. Италијанците стигнале до финалето на овој турнир, каде сепак биле убедливо поразени со 4-0 од Франција.

На 23 март 2017 година, на возраст од 19 години, тој го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година во пријателски натпревар против Полска. Потоа, неколку месеци подоцна тој бил приклучен од тренерот Лујџи Ди Бјаџо во списокот од 23 повикани играчи за Европското првенство под 21 година 2017 во Полска, каде што забележал два настапи влегувајќи од клупата. Две години по своето деби, на 25 март 2019 година, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата под 21 година, во ремито 2-2 во Фросиноне против Хрватска. Како и пред две години, тој бил повикан на Европското за играчи под 21 година 2019 кое овојпат се одржало во Италија, каде што настапил само во последниот натпревар од групната фаза.

Во септември 2019 година, тој бил назначен за капитен во новиот циклус натпревари на репрезентацијата под 21 година, под водство на новиот селектор Паоло Николато.

Сениорска репрезентација thumb|Локатели играјќи за во полуфиналето на УЕФА Лигата на нации против во 2021 На 27 август 2020 година, Локатели од селекторот Роберто Манчини го добил неговиот прв повик во сениорската репрезентација, за потоа на 7 септември, на 22 години, да го направи своето деби како стартер во натпреварот од Лигата на нации добиен со 1-0 против во Амстердам. Тој брзо се наметнал и на 28 март 2021 година го постигнал својот прв гол за репрезентацијата, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2022 против во Софија што завршил со победа на аѕурите од 2-0.

Во јуни 2021 година, тој бил повикан за Европското првенство 2020, каде ги започнал првите два натпревари од групната фаза, а во вториот против во Рим постигнал два гола во победата со 3-0, и бил избран за најдобар играч на натпреварот. Исто така, тој бил користен во осминафиналето и во полуфиналето (каде што го промашил првиот пенал во серијата при изведувањето на пеналите), а заменувајќи го Марко Верати во првото продолжение од финалето одиграно на Вембли во кое Италија ја победила Англија повторно по изведување на пенали, Локатели станал европски шампион.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 18 август 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015-2016 А 2 0 КИ 0 0 - - - - - - 2 0 2016-2017 А 25 2 КИ 2 0 - - - СИ 1 0 28 2 2017-2018 А 21 0 КИ 3 0 ЛЕ 92 настапи во квалификациските кола. 0 - - - 33 0Вкупно Милан 48 2 5 0 9 0 1 0 63 2 2018-2019 Сасуоло А 29 2 КИ 2 1 - - - - - - 31 3 2019-2020 А 33 0 КИ 1 0 - - - - - - 34 0 2020-2021 А 34 4 КИ 0 0 - - - - - - 34 4Вкупно Сасуоло 96 6 3 1 - - - - 99 7 2021-2022 А 31 3 КИ 4 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 43 3 2022-2023 А 32 0 КИ 4 0 ЛШ+ЛЕ 5+8 0 - - - 49 0 2023-2024 А 36 1 КИ 4 0 - - - - - - 40 1 2024-2025 А 36 2 КИ 2 0 ЛШ 9 0 СИ+Скп 1+0 0+0 48 2Вкупно Јувентус 135 6 14 0 29 0 2 0 180 6Вкупно во кариерата 279 14 22 1 38 0 3 0 342 15

Титули Клупски Милан Суперкуп на Италија : 1 2016

Јувентус Куп на Италија : 1 2023-2024

Репрезентација Европско првенство : 1 2020

Наводи

Надворешни врски

Мануел Локатели на soccerway Мануел Локатели на transfermarkt Мануел Локатели на tuttocalciatori Мануел Локатели на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А