Ричард Клеј "Рип" Хамилтон (роден на 14 февруари 1978) е американски поранешен кошаркар кој одиграл 14 сезони во Националната кошаркарска асоцијација (НБА).
Во најголемиот дел од кариерата тој играл за Детроит Пистонс, а по кратки периоди го носел дресот и на Вашингтон Визардс и Чикаго Булс. Тој е трикратен Ол-стар играч, и освојувач на НБА првенството во 2004 со шампионскиот тим на Детроит Пистонс. Кариерата ја завршил во февруари 2015 година.
Кариера Колеџ Хамилтон играл колеџ кошарка за екипата на Конектикат Хаскис на Универзитетот во Конектикат од 1996 до 1999 година. Во својата последна година на колеџот, тој го освоил НСАА (Ен-Си-Еј-Еј) првенството и бил прогласен за МВП на финалето откако со 27 бода 7 скока и 3 асистенции придонел за победата над Дјук Блу Девилс.
НБА Вашингтон Визардс (1999-2002) По шампионската сезона во НСАА, Хамилтон бил избран како 7-ми пик на НБА Драфтот 1999 од страна на Вашингтон Визардс. Во неговата руки сезона, тој одиграл 71 натпревар од кој 12 како стартер со просек од 9 бода по натпревар најчесто како замена на искусниот бек Мич Ричмонд. Визардс успеале да победат само 29 натпрвари, и не успеа да изборат место во плејофот. Сезоната на Визардс била одбележана и по додавањето на Мајкл Џордан во франшизата, кој ја презел функцијата на делумен сопственик и претседател на кошаркарските операции.
Следната година се покажала како сезона на пробивот за Хамилтон; тој играл многу повеќе во споредба со минатата сезона започнувајќи во 42 од 78 натпревари и тоа на позицијата крило со што и неговиот број на бодови во просек се зголемил двојно на 18,1 бод во просек по натпревар. Меѓутоа и покрај тоа Визардс не успеале да се подобрат во однос на минатата сезона, забележувајќи само 19 победи и завршувајќи на претпоследното место во Источната конференција. Во офсезоната, Мајкл Џордан, најавил дека ќе се врати на паркетот за Визардс, додека, исто така, клубот го назначил Даг Колинс да биде тренер на тимот за сезоната 2001-2002. И покрај релативно успешниот старт на сезоната, повредите го ограничиле Џордан на само 60 натпревари, додека Хамилтон исто така, одиграл само 63 натпревари, но ја зацврстил својата позиција како бек во почетната петорка на тимот. Иако скорот на Визардс бил значително подобрен во однос на претходните две сезони, тие сепак повторно неуспеале да се пласираат во плејофот завршувајќи на десеттото место во конференцијата со скор 37-45. Хамилтон ја завршил сезоната со просек од 20 бода по натпревар, и бил на второто место во лигата по процентот на успешност во изведувањето на слободните фрлања, шутирајќи со 89 проценти од линијата за слободни фрлања.
Во септември 2002, Визардс се одлучиле да го трампаат Хамилтон во Детроит Пистонс, во договор со шест играчи да се здобијат со искусниот Ол-Стар стрелец Џери Стекхаус.
Детроит Пистонс (2002–2011) Првата сезона со Пистонс 2002-2003 Пистонс кои во претходната сезона успеале да се пласираат во плејофот по подолго време и таму догурале до конференциското полуфинале, предводени од тренерот Рик Карлајл и најдобриот дефанзивец за сезоната Бен Валас, веќе претходно го довеле плејмејкерот Чонси Билапс и го драфтувале крилото Тејшон Принс за време на оф-сезона. Хамилтон стартувал во сите 82 натпревари за Детроит во регуларниот дел од сезоната и бил водач на тимот во по бројот на уфрлени кошеви со 19,7 бода по натпревар предводејќи ги Пистонс до 50 победи и првото место во Источната конференција. По завршувањето на регуларниот дел на сезоната Пистонс како први носители на истокот се пласирале во плејофот, каде Хамилтон го направил своето прво појавување во кариерата, во серијата против Орландо Меџик во првиот круг. Орландо предводени од суперѕвездата Трејси МекГрејди дошле до водство од 3-1 во серијата, меѓутоа Пистонс предводени од Билапс и Хамилтон се собрале на време за да победат во три натпревари едноподруго вклучувајќи го и критичниот седми натпревар на домашен терен. Во конференциското полуфинале тие се соочиле со Филаделфија Севентисиксерс, и откако и двете екипи победиле во својте први два домашни натпревари резултатот во серијата бил нерешен 2-2 по што Пистонс врзале две победи со кој успеале да ја добијат серијата и да се пласираат во финалето на конференцијата за пат од 1991 година каде се соочиле со бранителот на конференциската титула Њу Џерси Нетс, кој ги поразиле Пистонс во четири натпревари. Хамилтон имал учинок од 22,5 бода по натпревар со 44 проценти шут од игра.
Освојување на првенството 2003-2004 Хамилтон започнал да носи проѕирна пластична маска за лице, која ќе стане негов заштитен знак во текот на сезоната 2003-2004. Тој двапати го скршил носот таа сезона (еднаш тоа се случило во 2002 година) и на Хамилтон му било препорачано да носи маска за остатокот од неговата кариера поради ризикот од значајни носна реконструктивна хирургија. Носејќи ја маската, Хамилтон одново го водел Пистонс во завршницата во текот на сезоната со 17,6 бода по натпревар во 78 натпревари, а Пистонс ја завршиле сезоната со 54 победи и го додале Ол-стар крилниот центар Рашид Валас при крајот на регуларниот дел од сезоната за подобрување на предната линија на тимот.To Get a Mask Like Rip's Во плејофот, Пистонс доминирале над Милвоки Бакс во првата круг пред да дојде реваншот со Њу Џерси Нетс кој ги исфрлиле минатата сезона. По добивањето на воведните два натпревари во серијата, Нетс ги освоиле следните три пред Пистонс да се вратат во игра со победа на домашен терен, а потоа во решавачкиот седми натпревар да го "растурат" Њу Џерси на гости со 90-69, натпревар во кој Хамилтон постигнал 24 бода. Пистонс потоа се соочиле со најдобриот тим на Истокот во регуларниот дел од сезоната Индијана Пејсерс во финалето на конференцијата, и за нивната одлична одбрана и ефикасен шут се покажале пресилни за фаворизираните Пејсерси предводени од Џермејн О'Нил и Реџи Милер. Хамилтон постигнал највисоки за него во плејофот во кариерата 33 бода во петтиот натпревар во серијата во кој Детроит ја победил Индијана со 83-65 и повел со 3-2 во серијата, пред во следниот натпревар на гости повторно предводени од Хамилтон (21 бод) со уште една победа да дојдат до конечниот успех со 4-2 во серијата. Така Пистонс се избориле за своето прво НБА финале на франшизата уште од 1990 година кога таканаречените "Лоши момчиња" ја освоиле титулата.
На Пистонс се гледало како на голем аутсајдер пред почетокот на финалето, во кое тие требало да се соочат со ѕвездената екипа на Лос Анџелес Лејкерс кои освоиле три последователни првенства во периодот 2000-2002 и за кои настапувале ѕвезди како Шекил О’Нил, Коби Брајант, Гари Пејтон и Карл Мелоун. Лејкерс ја имале и предноста на домашен терен да ја започнат серијата (исто така и да играат дома доколку се дојде до седмиот одлучувачки натпревар), но поприлично се мачеле во првиот натпревар од серијата во Лос Анџелес, бидејќи Пистонс доминирале во текот на целиот натпревар и на крајот успеале да ги шокираат Лејкерси победувајќи ги со двоцифрена разлика. Лејкерс успеале после голема борба да го изедначат резултатот во серијата добивајќи го вториот натпревар исто така игран во Стејплс центарот со 99-91 по продолженија, благодарение на исклучително расположениот Коби Брајант кој уфрлил 33 бода. Во следниот натпревар серијата се префрлила во Детроит. Хамилтон бил најефикасниот играч на паркетот во третиот натпревар постигнувајќи 31 боди за 43 минути игра, шутирајќи 11-22 од игра 2-4 за три бода и 7-7 од линијата за слободни фрлања, придонесувајќи обилно за втората победа на Пистонс во финалната серија овојпат со 20 коша разлика 88-68. Во четвртиот натпрвар Детроит одново ја искористиле предноста на домашен терен поразувајќи ги Лејкерс со 88-80 и дошле до водстѕво од 3-1. Лејкерси се обиделе да ги свртат работите во натпреварот број 5, но фантастичната одбрана и сигурниот шут од игра на Пистонс биле премногу добри за тимот од Лос Анџелес, па Хамилтон кој постигнал 21 бод одново го одваел Детроит до победа со двоцифрена разлика, со што била обезбедена првата титула во НБА за тимот по 1990 година. Хамилтон во петте натпревари од финалето имал просек од 21,4 бода, највисок во тимот на Пистонс и за малку подобар од Чонси Билапс (просек од 21 бод по натпревар) кој ја добил наградата за МВП на финалето.
Ново финале 2004-2005 Бранителот на титулата од претходната сезона Детроит Пистонс влегле во сезоната решени да го повторат успехот од лани, а тимот уште еднаш победил во 54 натпревари од регуларниот дел на сезона во кои Хамилтон имал просек од 18,7 бода по натпревар и учествувал во 76 натпревари. Сезоната вклучува и еден чуден рекорд на Хамилтон, како тој станал единствениот играч во историјата на НБА кој постигнал најмногу бодови во својот тим по завршувањето на еден натпревар и покрај тоа што не погодил ниту еден шут од игра; на 6 јануари 2005 година, Хамилтон имал 0-од-10 шут од игра, но тој реализирал 14-од-14 од линијата за слобони фрлања во поразот на Пистонс со 101-79 од Мемфис Гризлис.Memphis reaches .500 for first time this season . Sports.espn.go.com (2005-01-06). Посетено на 2011-12-10. Пистонс влегле во плејофот како втори носители, и ја победиле Филаделфија пред да дојде нов двобој со Индијана, во кој шампиони успеале да го надминат дефицитот од 2-1 во серијата и да поминат понатаму во шест натпревари од кој во последниот Хамилтон бил извонреден и постигнал 28 бода. Во финалето на конференцијата тие се сретнале со Мајами Хит предводени од новото засилување Шекил О’Нил, кој пристигнал во размена на играчи од Лос Анџелес, и Двејн Вејд. Двата тима тргнале со по две победи на домашен терен во првите четири натпревари пред Хит да победат во петтиот натпревар во Детроит и да поведат со 3-2. Пистонс одговориле со победата во шестиот натпревар, а во седмиот одлучувачки игран во Мајами Хамилтон постигнал 24 бода и му помогнал на Пистонс да се пласира во НБА финалето за втора година по ред.
Детроит се соочиле со Сан Антонио Спарс во финалето, предводени од ол-стар играчи како што се Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Сан Антонио ги добиле првите два натпревари од серијата, пред Пистонс да одговорат со две победи на свој терен а потоа Спарс први бележат победа на гости победувајќи во петтиот натпревар во Палас оф Оберн Хилс со 96-95 по продолженија за водство од 3-2. Детроит усепале да се вратат во игра одговарајќи со победа на гости во шестиот натпревар, предводени од Хамилтон кој постигнал 23 бода. Сепак, Спарс се покажале премногу добри во седмиот одлучувачки натпревар победувајќи со 81-74, и го освоиле првенството. Хамилтон имал просек од 20 бода во текот на плејофот на 2005 година, а во финалето неговиот просек бил 16,7 бода по натпревар.
Три конференциски финалиња 2005-2008