мини|Полифем, од Јохан Хајнрих Вилхелм Тишбеин, 1802 година Киклоп (старогрчки јазик: Κύκλωψ, Kuklōps; во множина: Κύκλωπες, Kuklōpes) бил дел од расата на џинови во грчката и подоцна и во римската митологија. Карактеристично за киклопот е дека има око на челото. Зборот киклоп во превод значи „тркалезно-око“.

Хесиод опишал три киклопи со едно око, Бронтс, Стеропс и Арг, синовите на Уран и Геја, браќа на Титаните, градежници и занаетчии,Hesiod, Theogony, 140 додека поетот Хомер опишува друга група на смртни киклопи како синови на Посејдон. Други сметки беа напишани од страна на драматургот Еврипид, поетот Теокрит и римскиот поет Вергилиј. Во Теогонија на Хесиод, Зевс ослобудува три киклопи од темната јама на Тартар. Тие ги произведуваат молњите на Зевс. Исто така ги имаат произведено и шлемот на невидливоста на Хад, и тризабецот на Посејдон.

Во дел од Одисеја (напишана од Хомер), главниот јунак Одисеј се среќава со киклопот Полифем, кој е син на Посејдон, и кој живее со други киклопи во пештера близу до планината Етна. Хомер киклопите ги опишал како „арогантни безаконници“. Тоа биле сурови пастири наклонети кон ханибализам.Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 235. Сите други извори од литература за киклопи го опишуваат Полифем кој живеел на остров (најчесто препознаен како Сицилија од страна на античките автори) на којшто имало и други суштества. Разни антички грчки и римски автори пишувале за киклопите. Хесиод ги опишувал како три џинови кои се браќа.

Киклопот како мотив во уметноста „Киклопи“ - песна на рускиот поет Виктор Соснора од 1963 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 97.

Наводи

Категорија:Грчки гиганти Категорија:Старогрчки митски суштества Категорија:Чудовишта Категорија:Потомство на Геја