Лаакдивско Море — водна површина западно од сојузната држава Керала во Индија, на која излегуваат Лакадивите (во состав на Индија), Малдивите и Шри Ланка. Морето е топло, со постојата температура низ годината и изобилува со морски свет, при што само Манарскиот Залив има 3.600 видови. Поважни градови на бреговите на Лакадивското Море се Тируванантапурам, Кочи, Коломбо, Колам и Мале.
Опфат мини|десно|Поглед на Лакадивското Море од Вилингли, Малдиви. Според Меѓународната хидрографска организација, Лакадивското Море се протега: На запад. Линија од Садашивгад на западниот брег на Индија () до Корадив (), а оттаму по западната страна на Лакадивите и малдивските архипелази до најјужната точка на атолот Аду во Малдивите.
На југ. Линија од ’ртот Дондра во Цејлон [Шри Ланка] до најјужната точка на атолот Аду.
На исток. Западните брегови на Цејлон и Индија.
На североисток. Адамовиот Мост (меѓу Индија и Цејлон).
Хидрологија Температурата на водата е постојана во текот на годината, со 26–28 °С лете и 25 °С зиме. Соленоста изнесува 34 промили во средишниот и северниот дел и до 35,5 промили во јужниот. Бреговите се песокливи, но подлабоките делови се покриени со мил. Има голем број корални гребени како Лакадивите, кои се сочинети од атоли и имаат 105 видови корали.Coral Reefs of India: Review of Their Extent, Condition, Research and Management Status by Vineeta Hoon, Food and Agriculture Organisation of the United NationsStatus of Coral Reefs of India . Envfor.nic.in. .
Жив свет и човекови активности мини|Нуркање по бисери in Манарскиот Залив, ~ 1926 г. Манарскиот Залив е познат по бисерните школки барем две илјади години. Римскиот научник Плиниј Постариот (I век) пофално се изразува за нуркачите во овој залив како најпродуктивни во светот. Иако, во светот, собирањето на природни бисери се смета за неисплатливо, жителите на заливот и понатаму се занимаваат со оваа дејност. Во поголема мера се собира и морскиот полжав „шанка“ (Xancus pyrum)ICSF p. 27 кој има верско значење како обреден предмет.
Друго традиционално знамање крај Лакадивското Море е рибарството. На Лакадивите се фаќаат 2.000 до 5.000 тони годишно, од кои повеќето отпаѓаат на туна (околу 70%) и ајкула. Крај гребените се ловат и костреши, полуклунари, шаруни, иглички и ражи. Како мамец, островјаните користат ракчиња, бесклештари и мали риби како папалини, гребенски костреши и кардинали.
Со околу 3.600 растителни и животински видови, Манарскиот Залив важи за едно од најбогатите морски живеалишта во светот. Од нив, 117 отпаѓаат на корали, 79 на ракови, 108 на сунѓери, 260 на мекотели, 441 на риби, 147 на морски треви и 17 на мангрови. ВКупно 44 вида се заштитениICSF p.25 Во 1986 г. Во 1986 г. е прогласен Морскиот национален парк Манарски Залив во кој влегува 21 остров со вкупна површина од . Во 1989 г. паркот и неговиот заштитен појас се прогласени за биосферен резерват кој ги опфаќа морските површини, островите и соседните брегови, зафаќајќи . Резерватот е строг и до него се доаѓа само со дозволи,ICSF pp. 27–30 изземајќи ги мештаните, чија издршка зависи од рибарството. Заштитниот појас има 150.000 жители, од кои 70% живеат од уловот. Распоредени се во 125 рибарски села, со 35.000 активни рибари, 25.000 нуркачи по морски краставици и 5.000 жени кои собираат морски треви.ICSF pp. 1–2, 21, 24, 30 Во 2006 г. во Манарскиот Залив се уловени 106.000 тони риби, претежно маслени сардини (Sardinella longiceps), сардинели (Sardinella spp.), пони-риби (Letognathus sp.), скуша, пенеидни ракчиња, костреши, лигни (Sepioteuthis arctipinni), длабоководни јастози (Puerulus sewelli), краби (Varuna littorata) и ражи.ICSF p. 26 Од морски треви, меѓу октомври и март се собираат плитководните видови како Gelidiella acerosa (марикожунду паси), Gracilaria edulis (канчи паси), саргасо (Sargassum spp., катакорај), Turbinaria (пакода паси) и морска марула (Ulva lactuca). Поради заштитните ограничувања на националниот парк, собирањето на морските треви е намалено од 5.800 тони (сува мера) во 1978 г. на 3.250 тони во 2003 г.ICSF pp. 42–43
Наводи
Литература Marine Protected Areas in India, International Collective in Support of Fishworkers (ICSF), April 2008, ISBN 978-81-904590-9-9
Категорија:Мориња во Индискиот Океан Море Категорија:Географија на Јужна Азија Категорија:Географија на Индија Категорија:Географија на Малдивите Категорија:Географија на Шри Ланка Категорија:Мориња во Азија