Џакомо Бонавентура (роден на во Сан Северино Марке, Италија) — италијански професионален фудбалер кој настапува за ФК Фјорентина, во италијанската Серија А како и за Репрезентацијата на Италија.

Својата фудбалска кариера ја започнал во екипата на ФК Аталанта во 2007 година, додека во 2014 година за сума од 7 милиони евра се преселил во редовите на ФК Милан. По шест одиграни сезони за миланскиот клуб, Бонавентура во септември 2020 година потпишал за ФК Фјорентина како слободен играч. За Фудбалската репрезентација на Италија дебитирал на 31 мај 2013 година, на пријателскиот натпревар против Сан Марино.

Надворешни врски

A.C. Milan Official Player Profile Atalanta B.C. Official Player Profile U.S. Pergocrema 1932 Official Player Profile Giacomo Bonaventura National Team Stats at FIGC.it

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Падова Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А