Алесио Ромањоли (роден на во , Италија) — италијански професионален фудбалер кој настапува за ФК Лацио во италијанската Серија А како и за Репрезентацијата на Италија. Алесио Ромањоли игра на позиција одбрана.

Клупска кариера ФК Рома

Ромањоли својата фудбалска кариера ја започнал во младинската школа на ФК Рома, додека како професионален играч своето деби го имал на 11 декември 2012 година против екипата на ФК Аталанта во купот на Италија. Својот прв натпревар во Серија А го имал 12 дена подоцна кога влегол како замена против ФК Милан. Првиот гол за клубот го одбележил на 3 март 2013 година при победата со 3-1 над ФК Џенова. На 31 мај 2014 година, Ромањоли потпишал нов четиригодишен договор со Рома.

ФК Сампдорија

За сезоната 2014/2015 година Алесио Ромањоли бил позајмен во ФК Сампдорија. На 1 септември 2014 година, Ромањоли бил позајмен во Сампдорија за 500.000 евра, со можност за купување за 2 милиони евра, како и контра-опција од 750.000 евра. Ромањоли го направил своето деби на Сампдорија како замена во победата од 2-0 против Торино на 14 септември. Тој го постигнал својот прв гол за Сампдорија на 24 септември 2014 година во поразот од 2-1 против Киево. Во јуни 2015 година, Рома ја активирале куповната клаузула и го вратиле во клубот.

ФК Милан

Поранешниот тренер на Ромањоли во Сампдорија - Синиша Михајловиќ бил назначен за тренер на Милан. Задоволен од настапите на Ромањоли од претходната сезона, Михајловиќ инсистирал пред раководството на Милан да се привлече играчот и Алесио Ромањоли бил купен од Рома за сума од 25 милиони евра на 11 август 2015 годинаhttp://www.repubblica.it/sport/calcio/serie-a/milan/2015/08/09/news/fatta_per_romagnoli-120714843/. Своето дебитирање за клубот од Милано го имал на 18 август истата година во победата од 2:0 над Перуџа во Купот на Италијаhttps://int.soccerway.com/matches/2015/08/17/italy/coppa-italia/ac-milan/perugia-calcio/2137029/. Шест дена подоцна, тој го направил своето прво појавување во Серија А со новиот клуб, по во поразот на Милан од 2-0 против ФК Фјорентинаhttps://int.soccerway.com/matches/2015/08/23/italy/serie-a/acf-fiorentina/ac-milan/2120377/.

На 1 март 2016 година го постигнал својот прв гол за Милан во победата од 5-0 против Алесандија во Купот на Италија. Овој натпревар го испратил Милан до финалето за првпат од 2003 година. Ромањоли ја завршил својата прва сезона во дресот на Милан со 40 настапи во сите натпреварувања.

По враќањето на Леонардо Бонучи во ФК Јувентус, Ромањоли во сезоната 2018/2019 бил назначен за капитен на Милан.

На 28 ноември 2021 година, Ромањоли го постигнал својот прв гол во сезоната 2021-2022 против Сасуоло во поразот од 3–1. На 9 февруари 2022 година, против Лацио во Купот на Италија, тој асистирал за воведниот гол во победата од 4–0.

Ромањоли го одбил продолжувањето на договорот од Милан и на тој начин го напуштил клубот на крајот на сезоната.

ФК Лацио На 12 јули 2022 година, Ромањоли потпишал петгодишен договор со Лацио.

Репрезентативна кариера

Ромањоли ја претставувал Италија во повеќе прилики на возраст под 16 години, под 17 години и под 19 години. Тој го направил своето прво појавување за екипата под 21 година против Северна Ирска на 5 март 2014 година, играјќи ги целосните 90 минути. Со Италија под 21 година, тој учествувал на УЕФА Европското првенство под 21 година, формирајќи делотворно партнерство со колегите од центарот, Даниеле Ругани.

На 27 август бил повикан во највисокиот состав за првпат за пријателски натпревар против Франција на 1 септември и квалификацискиот натпревар од Светското првенство во 2018 година на 5 септември против Израел.

На 6 октомври, Ромањоли го направил своето деби во квалификацискиот натпревар од Светското првенство во 2018 година, играјќи ги сите 90 минути, во 1-1 натпреварот против Шпанија.

Статистика Клупска

КлубСезонаЛигаКупЕвропаОстанатоВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиРома2012–13Серија A2110——312013–14Серија A11000——110Вкупно13110——141Сампдорија (позајмен)2014–15Серија A30210——312Милан2015–16Серија A34061——4012016–17Серија A27110—1Appearance in Supercoppa Italiana02912017–18Серија A282519Appearance(s) in UEFA Europa League0—4232018–19Серија A3224040104122019–20Серија A35140——3912020–21Серија A2212060—2912021–22Серија A191205Appearance(s) in UEFA Champions League0—261Вкупно19782422402024710Лацио2022-23Серија A0000——00Вкупно240112622402029213

Меѓународна

ИталијаГодинаНатпревариГолови201640201710201830201910Вкупно90

Наводи

Надворешни врски Алесио Ромањоли на Soccerway

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А