Света Богородица Балаклија — главна и единствена манастирска црква во рамки на Злетовскиот манастир.

Историја

Црквата била осветена заедно со целиот манастир од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 16 мај 2010 година. Нејзин ктитор бил пратеникот во Собранието на Република Македонија Чедо Петров од Пробиштип.Осветен манастирот посветен на Пресвета Богородица – Источен Петок Балаклија , страница на Брегалничката епархија.Б., И.. „Осветен нов манастир кај Злетово“, Утрински весник, 16 мај 2010.

Архитектура

Градбата има правоаголна основа и по својот облик претставува крсто-куполен храм, при што куполата има осумаголна основа и на секоја од осумте страни има монофора. Предниот дел од црквата кон којшто водат главната влезна врата и страничната врата од десната страна е понизок. Над дрвената влезна врата се запишани имињата „Исус“ и „Ника“, додека од двете нејзини страни има копјести прозорци со иста големина. На страничниот ѕид, веднаш до влезната врата има три копјести прозорци, од кои средниот е поголем од останатите два. Во средишниот дел на овој ѕид има полукружна апсида со два копјести прозорци. Целата градба е покриена со ќерамиди. Над ќерамидите на осумаголната купола има крст.

Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна на нејзиниот заден дел. Таа има квадратна основа и се состои од четири столбови покриени со ќерамиди.

Галерија

Поврзано Злетовски манастир Штипско архијерејско намесништво Злетовска парохија Злетово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Злетовски манастир Категорија:Злетово Злетово Категорија:Македонската архитектура во 2010 година