Фондации Отворено општество (ФОО), порано Институт Отворено општество — меѓународна мрежа за доделување грантови основана од стопанственикот Џорџ Сорос. Фондациите Отворено општество финансиски поддржуваат граѓански групи низ светот, со цел за унапредување на судството, образованието, јавното здравство и независните медиуми..

ФОО има свои претставништва во 37 држави, вклучувајќи и група на земји и регионални фондации како Иницијативата Отворено општество за Западна Африка и Иницијативата Отворено општество за Јужна Африка. Седиштето на ФОО е во Њујорк.

Од своето основање во 1993, ФОО имал трошоци вредни 11 милијарди долари. Името на оваа мрежа е инспирирано од книгата на Карл Попер од 1945 година, Отвореното општество и неговите непријатели..

Наводи

Категорија:Џорџ Сорос