Куп на саемските градови (; понекогаш само Саемски куп, ) — поранешно меѓународно фудбалско натпреварување помеѓу клубови претставници на европските држави кое настанало во 1955 година, а последната сезона е одиграна во 1970/71. Згаснато е поради создавањето на УЕФА Купот.
Историја Иницијатор за ова натпреварување бил швајцарецот Ернст Томен, потпретседател на УЕФА, кој во 1955 година во Базел свикал претставници од 10 европски велесаемски градови (Барселона, Базел, Бирмингем, Франкфурт, Копенхаген, Лозана, Лајпциг, Лондон, Милано и Загреб) и предложил натпреварување на репрезентации од градовите, кои можеле да бидат претставувани и од клубови.
Првото издание било замислено како двегодишно натпреварување но се протегало на три. Следните две сезони, 1958/60 и 1960/61 биле одржани како натпреварувања помеѓу градски клубови, а од сезоната 1961/62 станува едносезонско клупско натпреварување во кое секоја земја членка на УЕФА имала право да прати до три свои претставници. Бројот на учесниците, конкуренцијата и угледот континуирано растеле. Од сезоната организацијата на ова натпреварување ја презема УЕФА и го менува називот во УЕФА Куп. Од претставниците на поранешна Југославија, Динамо од Загреб бил победник во сезоната 1966/67 и финалист во 1962/63.
Победници и финалисти
СезонаПобедникВкупенрезултатФиналист1. натпревар2. натпревар 1956/58Барселона8-2Лондон XI2-26-01958/60Барселона4:1Бирмингем 4:1 0:01960/61Рома4:2 Бирмингем 2:02:21961/62Валенсија7:3 Барселона6:21:11962/63Валенсија4:1Динамо Загреб2:12:01963/64Реал Сарагоса2:1Валенсија 2:1 не бил одигран1964/65Ференцварош1:0Јувентус 1:0 не бил одигран1965/66Барселона4:3Реал Сарагоса0:04:21966/67Динамо Загреб2:0Лидс Јунајтед2:00:01967/68Лидс Јунајтед1:0Ференцварош1:00:01968/69Њукасл Јунајтед 6:2Ујпешт Будимпешта 3:03:2 1969/70Арсенал4:3Андерлехт1-33-01970/71Лидс Јунајтед3:3Јувентус1:12:2
Забелешка: Лондон XI била репрезентација на Лондон
Најдобри стрелци Список на најдобрите стрелци, за времетраењето на ова натпреварување (1955-1971) до ребрендирањето од страна на УЕФА како УЕФА Куп.
МестоИграчДржаваГоловиКлуб1Валдо Машадо31Валенсија2Питер Лоример20Лидс Јунајтед3Флоријан Алберт19ФК ФеренцварошФеренц БенеУјпештХосе Антонио ЗалдуаБарселона6Педро Манфредини18Рома7Еваристо Де Маседо17Барселона8Висенте Гиљо16Валенсија9Марселино Мартинес15Реал Сарагоса10Хектор Нуњес14Валенсија
Извор: rsssf.com
Надворешни врски Статистика на RSSSF
Категорија:Куп на саемските градови