Претседателски избори во САД, 2016 — 58. претседателски избори во САД одржани на 8 ноември 2016 година. Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп како и кандидатот за потпретседател и гувернер на Индијана, Мајк Пенс издвоиле победа над кандидатот за претседател и поранешен државен секретар на САД од редовите на Демократската партија, Хилари Клинтон и поранешниот сенатор од Вирџинија и кандидат за потпретседател Тим Кејн. Трамп и Пенс стапиле на функциите претседател односно потпретседател на САД 20 јануари 2017 година на инаугурацијата што се одржала во Вашингтон.
Гласачите ги бирале членовите на Изборниот колегиум во секоја држава, во најголемиот број на случаи според мнозинскиот метод т.н. „победникот освојува се“ (), а потоа избирачите гласале за новиот претседател и потпретседател на 19 декември 2016 година. Трамп го освоил потребното мнозинство за стапување на функцијата претседател освојувајќи мнозинство на гласови во 30 сојузни држави со вкупен број од 306 ветени избирачи од вкупните 538. Неговата победа не била предвидена од поголемиот број на медиуми и изборни прогнози. Хилари Клинтон освоила околу 2,9 милиони гласови повеќе на национално ниво, односно со разлика од 2.1% од вкупниот број на гласови.
На гласањето на Изборниот колегиум на 19 декември имало 7 изборни гласови против кандидатот за кои избирачите се избрани да гласаат или таканаречени „безнадежни избирачи“, односно, 2 изборни гласови против Трамп и 5 против Клинтон. Дополнителни 3 избирачи се обиделе да гласаат против Клинтон но биле заменети или натерани да гласаат повторно. На крајот, Трамп добил 304 изборни гласови додека Клинтон добила 227. Колин Пауел освоил 3 изборни гласови, а Џон Кејсик, Берни Сандерс и Вера Забележаниот Орел по еден изборен глас.
Трамп е 5. кандидат за претседател во историјата на САД кој бил избран покрај тоа што загубил на народното гласање. Трамп е биде првиот американски претседател без никаква претходна воена или јавна функција, додека Клинтон стана првата жена кандидат за претседател номинирана од страна на голема политичка американска партија.
Заднина Членот 2 од Уставот на САД како услов за личноста да стане претседател или потпретседател на САД предвидува дека мора да биде роден/а на територијата на САД, да има најмалку 35 години, и да престојува во САД најмалку 14 години. Кандидатите за претседател обично се номинирани од страна на политичка партија, која што користи метод (како внатрепартиското гласање) со цел да го избере кандидатот за кој поддржувачите и членовите на партијата сметаат дека е најсоодветен за таа позиција. Традиционално, внатрепартиските избори се посредни каде што гласачите го даваат својот глас за делегат кој ветил дека ќе гласа за еден од кандидатите за претседател од партијата на конвенцијата која партијата ја одржува по завршувањето на внатрепартиските избори. Изборите во ноември исто така се посредни, каде што гласачите гласаат за распределба на избирачите во Изборниот колегиум. Потоа избирачите директно гласаат за изборот на претседател и потпретседател.
Барак Обама како досегашен претседател немал можност да се кандидира за трет мандат поради ограничувањата во XXII амандман во Уставот на САД. Во согласност со точката 1 од XX амандман, неговиот мандат завршува во 12 часот на 20 јануари 2017 година.
Републиканска партија Внатрепартиски избори Во внатрепартиските избори на републиканската партија се кандидирале седумнаесет кандидати, почнувајќи со кандидатурата на Тед Круз на 23 март 2015 со тоа претставувајќи најобемни внатрепартиски избори според бројот на кандидати од сите американски политички партии во историјата на САД.
Пред внатрепартиското јавно гласање во Ајова на 1 февруари 2016, Пери, Вокер, Џиндал, Грахам и Патаки се повлекле поради нискиот рејтинг во анкетите. Покрај водството кое Трамп го имал во Ајова според поголемиот број на анкети, сепак изгубил од Круз, што резултирало со дополнителни повлекувања од трката од страна на Хакаби, Пол и Санторум. По победата на Трамп во Њу Хемпшир, Кристи, Фиорина и Гилмор исто така ја напуштиле трката. Подоцна Џеб Буш ја напуштил трката по освоеното четврто место по Трамп, Рубио и Круз на внатрепартиското гласање во Јужна Каролина. На 1 март 2016, првиот од четирите таканаречени „избори на Супер четврток“ (), Рубио издвоил победа во Минесота, Круз во Алјаска, Оклахома како и неговата матична сојузна држава Тексас, додека Трамп издвоил победа во останатите седум држави каде што се гласало тој ден. Поради неуспехот во овој период, Карсон се повлекол од трката неколку дена подоцна. На 15 март 2016, на вториот „Супер четврток“, Кејсик ја освоил својата прва и единствена сојузна држава, Охајо, додека Трамп издвоил победа во пет сојузни држави каде што се гласало вклучувајќи ја и Флорида. По поразот во Флорида, Рубио ја напуштил трката за републиканската номинација.
Помеѓу 16 март и 3 мај 2016, останале само три кандидати во трката: Трамп, Круз и Кејсик. Круз го освоил поголемиот број на делегати во четири западни сојузни држави и Висконсин, со тоа одржувајќи ги своите шанси за спротивставување на номинација на Трамп за која што биле потребни најмалку 1.237 делегати. Трамп подоцна ја продолжил низата на победи во Њујорк и пет останати североисточни држави во април, меѓу кои и била и Индијана, сојузна држава која што била многу важна за Круз со цел спротивставување на Трамп во поглед на делегати. По победата на Трамп на 3 мај 2016 во Индијана, освојувајќи ги тамошните 57 делегати, без никакви шанси за оспорување на номинацијата на Трамп, Круз и Кејсик ги суспендирале своите кампањи за републиканска номинација. Трамп останал единствениот активен кандидат и бил прогласен за најверојатен републикански кандидат за претседател од страна на претседателот на Репбуликанскиот национален комитет Рејнс Прибус.
Номинирани
Кандидати на Републиканската партијаза претседателза потпретседател Претседател и извршен директор на Организација Трамп(1971–денес) Гувернерна Индијана(2013–денес)Лого на кампањата
Останати кандидати Трамп освоил вкупно 14.010.177 гласови во внатрепартиските републикански избори. Трамп, Круз, Рубио и Кејсик освоиле барем еден внатрепартиски избор во сојузните држави. Круз го освоил вториот најголем број на гласови.
Кандидатите се распределени според датумот на кој се повлекле од внатрепартиските избориЏон КејсикТед КрузМарко РубиоБен КарсонЏеб БушЏим ГилморКарли ФиоринаКрис Кристи69.Гувернер на Охајо(2011–денес)Сенатород Тексас(2013–денес)Сенатород Флорида(2011–денес)Директор на одделение за педиатриска неврохирургија,Болница Џон Хопкинс(1984–2013)43.Гувернер на Флорида(1999–2007)68.Гувернер на Вирџинија(1998–2002)Извршен директор на Хјулит-Пакард(1999–2005)55.Гувернер на Њу Џерси(2010–денес)Се повлекол на: 4 мај4.287.479 гласовиСе повлекол на: 3 мај7.811.110 гласовиСе повлекол на: 15 март3.514.124 гласовиСе повлекол на: 4 март857.009 гласовиСе повлекол на: 20 февруари286.634 гласовиСе повлекол на: 12 февруари18.364 гласовиСе повлекла на: 10 февруари40.577 гласовиСе повлекол на: 10 февруари57.634 гласовиРенд ПолРик СанторумМајк ХакабиЏорџ ПатакиЛиндзи ГрахамБоби ЏиндалСкот ВокерРик ПериСенатород Кентаки(2011–денес)Сенатород Пенсилванија(1995–2007)44.Гувернер на Арканзас(1996–2007)53.Гувернер на Њујорк(1995–2006)Сенатор од Јужна Каролина(2003–денес)55.Гувернер на Луизијана(2008–2016)45.Гувернер на Висконсин(2011–денес)47.Гувернер на Тексас(2000–2015)Се повлекол на: 3 февруари66.781 гласовиСе повлекол на: 3 февруари16.622 гласовиСе повлекол на: 1 февруари51.436 гласовиСе повлекол на: 29 декември 20152.036 гласовиСе повлекол на: 21 декември 20155.666 гласовиСе повлекол на: 17 ноември 2015222 гласовиСе повлекол на: 21 септември 20151 дополнително запишан глас во Њу ХемпширСе повлекол на: 11 септември 20151 дополнително запишан глас во Њу ХемпширJaffe, Alexandra (June 1, 2015) "Graham bets on foreign experience in White House bid announcement", CNN. Retrieved June 1, 2015.
Демократска партија Внатрепартиски избори Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, поранешна 42. прва дама на САД која служела и во Сенатот, станала првиот голем демократски кандидат објавувајќи ја својата кандидатура за претседател на 12 април 2015 преку видео порака. Иако според анкетите на национално ниво во 2015 укажувале на тоа дека Клинтон е апсолутен фаворит, во 2016 таа се соочила со Берни Сандерс, сенатор од Вермот. Сандерс станал вториот демократски кандидат во внатрепартиските демократски избори на 30 април 2015 година. Анкетите од септември 2015 укажувале на тоа дека разликата помеѓу Клинтон и Сандерс постепено се намалувала. Поранешниот гувернер на Мериленд Мартин О'Мали на 30 мај 2015 ја објавил својата кандидатура со тоа станувајќи третиот демократски кандидат кој се приклучил на демократската внатрепартиска трка. Линколн Чејфи, поранешен независен гувернер и републикански сенатор од Род Ајленд ја најавил својата кандидатура на 3 јуни 2015 година. Поранешниот гувернер на Вирџинија Џим Веб ја објавил својата кандидатура на 2 јули 2015 година додека професорот по право на Харвард Лоренс Лесиг ја објавил својата кандидатура на 6 септември 2015 година. На 20 октомври 2015, Џим Веб се повлекол од демократската номинација и планирал да се кандидира како независен кандидат. Линколн Чејфи се повлекол од трката на 23 октомври, надевајќи се на „завршување на бесконечните војни и почеток на нова ера за САД“. Лоренс Лесиг се повлекол околу една недела подоцна, односно на 2 ноември.
Во доста неизвесна трка, Хилари Клинтон победила на јавното гласање во Ајова одржано на 1 февруари 2016 година, за помалку од еден процент, а во меѓувреме Мартин О'Мејли се повлекол од трката. Берни Сандерс издвоил победа во Њу Хемпшир со 60% од гласовите во однос на 38% за Клинтон. Во Невада, Хилари Клинтон издвоил победа со 53% од гласовите во однос на 48% за Сандерс. Исто така, Хилари Клинтон издвоила исклучителна победа на изборите во Јужна Каролина на 27 февруари 2016 со нешто повеќе од 73% од гласовите. На 1 март единаесет држави гласале на таканаречениот „Супер вторник“ каде што Клинтон победила во: Арканзас, Џорџија, Масачусетс, Тенеси, Тексас и Вирџинија со тоа освојувајќи 504 делегата, додека Сандерс победил во Колорадо, Минесота, Оклахома и Вермонт вкупно освојувајќи 340 демократски делегати. Следниот викенд Сандерс издвоил победа во Канзас, Небраска и Мејн со разлика од 15 до 30 бода, додека Клинтон победила во Луизијана со 71% од гласовите. На 8 март и покрај тоа што според анкетите ниеднаш немал предност, Сандерс издвоил победа во Мичиген со 1,5 бода разлика, со тоа надминувајќи ги анкетите за повеќе од 19 бода, додека Клинтон издвоила победа во Мисисипи со 83% од гласовите. На 15 март, на вториот „Супер вторник“, Клинтон издвоила победа во Флорида, Илиноис, Мисури, Северна Каролина и Охајо. Помеѓу 22 март и 19 април 2016, Сандерс издвоил победа на шест јавни гласања и тоа во Ајдахо, Јута, Алјаска, Хаваи, Вашингтон и Вајоминг како и на гласањето во Висконсин, додека Клинтон издвоила победа во Аризона. На 19 април, Клинтон издвоила победа во Њујорк со 58% од гласовите. На 26 април, односно на третиот „Супер вторник“, таа издвоила победи во Конектикат, Делавер, Мериленд и Пенсилванија, додека Сандерс победил во Род Ајленд. Во мај, Сандерс повторно изненадил на гласањето во Индијана и исто така победил во Западна Вирџинија и Орегон, додека Клинтон победила на внатрепартиските гласања во Гуам и Кентаки.