мини|Тост мини|Тост-сендвич со шунка и кашкавал Тост-сендвич — сендвич направен со тенко парче салама или кашкавал поставено меѓу две тенки парчиња леб, премачкани со путер. Овој вид сендвич потекнува од Викторијанската ера. Рецептот е објавен во книгата од 1861 година, „Книга за водење домаќинство“ (Mrs Beeton's Book of Household Management) од Изабела Битон. Според Кралското хемиско здружение, просечен тост-сендвич содржи 330 калории.

Историја Во ноември 2011 година, тост-сендвичот бил повторно актуaлизиран во Велика Британија од страна на Кралското хемиско здружение, по речиси 150 години од првото објавување на рецептот. Ова здружение се обидувало да ги оживее рецептите на оние јадења кои се евтини. Тост сендвичот го нарекле „најевтиното јадење“, и дури понудиле 200 британски фунти за оној што ќе изнајде поевтино јадење.

Тост сендвичот во многу ресторани се смета за дополнително јадење што се служи со главното јадење. Објавено е дека тост-сендвичот што се служи во ресторанот „Дебелата патка“ (The Fat Duck) во Беркшир, Англија, содржи: салата од коскена срж, сенф од жолчка, мајонез, и кечап.

Во Македонија постојат разни варијанти на тост-сендвич, а најчесто се служи со шунка и кашкавал. Други состојки кои се додаваат пред печење на тостот се: пилешко или друг вид месо, зеленчук, помфрит, печурки, а може да се најдат и благи варијанти.

Поврзано Список на сендвичи

Наводи

Категорија:Сендвичи