Гастон Луј Алфред Леру () (6 мај 186815 април 1927) е француски новинар и писател на детективска проза. Најпознат е по романите: Фантомот на операта и Мистеријата на жолтата соба. Првиот роман е предмет на многубројни театарски и филмски адаптации.

Леру е роден и школуван во Париз, каде студирал право. Како наследник на огромно богатство, Леру ги поминува годините живеејќи луд живот низ Франција додека не банкротира. Долго време работи како репортер и новинар, а лично ја покрива и руската револуција од 1905. Леру, како репортер, покрива и познат случај во париската опера, во чии подруми биле најдени заложници, настан кој делумно ќе го инспирира познатиот роман. Основа и филмска компанија со намера да пишува романи, кои компанијата подоцна ќе ги адаптира во филмови.

Леру честопати се нарекува францускиот еквивалент на англискиот Артур Конан Дојл или американскиот Едгар Алан По кога станува збор за пишување на оригинална детективска проза. Ликот на Жозеф Рултаби е создаден во традицијата на Шерлок Холмс. Леру е светски познат по усовршување и популаризирање на еден вид детективски приказни, т.н. мистерии во затворен простор.

Наводи

Надворешни врски

About Gaston Leroux , gaston-leroux.net Книги и биографија на Леру, Гастон , readprint.com Универзумот на Џозеф Рултаби , rouletabille.perso.cegetel.net Сè за легендата на фантомот и нејзиниот создавач, Гастон Леру , ladyghost.com Француски аудио верзии на делата на Леру , litteratureaudio.com

Категорија:Родени во 1868 година Категорија:Починати во 1927 година Категорија:Француски романописци Категорија:Носители на Легијата на честа