Наградата Оскар за најдобар глумец е награда која се доделува годишно од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС). Се доделува на глумецот кој пренел неверојатна изведба во главна улога работејќи во филмската индустрија.

Првото доделување на наградите Оскар било одржано во 1929 година и Емил Јанингс бил првиот глумец кој ја освоил наградата за неговите изведби во филмовите Последна заповед и Патот на сите живи. Моментално, номинациите се одредуваат преку единечен пренослив глас во рамките на одделението на глумци од АМПАС; победниците се избрани со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Академијата со право на глас.

Од основањето, наградата била доделена на 81 глумец. Даниел Деј-Луис е најмногу наградуван во оваа категорија со освоени три Оскари. Спенсер Трејси и Лоренс Оливие биле номинирани за наградата девет пати, повеќе од било кои други глумци. Гери Олдмен е последен добитник во оваа категорија, добивајќи го Оскарот на деведесеттото доделување на наградите за улогата на Винстон Черчил во Најмрачниот час.

Добитници и номинации Ова е списокот на добитници и номинирани глумци за наградата Оскар. Означува победник§Означува победник кој одбил награда^Означува посмртно одликуван победник*Означува посмртно номиниран глумец