мини|десно|300п|Пример за фронтон на класично здание Фронтон — класичен архитектонски елемент кој се состои од триаголен дел (тимпанум или тимпанон), над хоризонталниот дел од зградата наречен (перваз), кој дел го носат столбови. Калканот на крајот од фронтонот е обрабен со корниз со калапени украси. Кај тимпанионите често наоѓаме скулптури и релјефи кои прикажуваат сценми од грчката или римската митологија. Обликот на фронтонот зависи од архитектонскиот ред.
Фронтонот го наоѓаме и кај класичниот грчки храм и неокласичната архитектура. Најважен пример е Партенонот, каде тој служи како палета за прекрасен, сложен архитектонски детал. Овој архитектонски елемент бил измислен како дел од старогрчката архитектура, а се применувал во Стариот Рим, ренесансата и подоцнежните архитектонски возобнови. Овој елемент најчесто ги красел мавзолеите и разни други паметници.
Фронтоните се ставале како триаголни или засводени украси над прозорците и вратите, над пар пиластри или рамки. Наискот и едикулата се „мали живеалишта“ или олтари кои зосолнуваат слика или скулптура на извесно божество при влезот во еден храм или едноставно во ниша во ѕидот на една зграда. thumb|right|Разни типови на фронтони
Во архуитектурата наоѓаме итн. отворен фронтон каде дел од корнизот е отворен при врвот. Тука треба да се спомене итн. прекршен фронтон кој е отворен долж основата. Овој често се среќава кај џорџијанската архитектура. Низ овие отвори се прелеваат украсите на самиот фронтон, збогатен со висок релјеф, „тонда“, огледала и прозорци. Овие облици била преземени од маниристичката архитектура, како и применувани на мебел дизајниран или иснспириран од Томас Чипендејл.
Наводи
Поврзано Калкан Римски храм Грчки храм Архитектонски поредок
Наводи Dictionary of Ornament од Philippa Lewis & Gillian Darley (1986) NY: Pantheon
Категорија:Архитектонски елементи Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Галицизми