Алехандро Гонсалес Ињариту (роден на 15 август 1963 г.) — мексикански филмски режисер, сценарист, продуцент и поранешен композитор. Тој е првиот мексикански режисер номиниран за Оскар за најдобар режисер, за Вавилон (2007).
Шест долгометражни филмови на Ињариту — Кучешка љубов (2000), 21 грам (2003), Вавилон (2006), Прекрасно (2010), Човекот-птица (2014), и Повратник (2015) — собраа позитивни критики и бројни признанија, вклучувајќи Оскар номинации и победи. Во 2015 година, Ињариту добил Оскари за најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио, и најдобар филм за Човекот-птица. Следната година, тој го добил Оскарот за најдобар режисер за Повратник, со што станал само третиот режисер во историјата кој победил во категоријата две последователни години, и прв по 1950 година.
Рани години Алехандро Гонсалес Ињариту е роден во Град Мексико, како најмлад од седум деца во семејството на Луз Марија Ињариту и Хектор Гонсалес Гама. Во периодот од 16 и 18 години тој пловел преку Атлантскиот Океан на товарен брод и патувал низ Африка и Европа. Тој подоцна истакнал дека овие рани патувања имале големо влијание на него како режисер. Настаните во неговите филмови често се случуваат на места кои тој ги посетил во овој период. По патувањата, Ињариту се вратил во Град Мексико и дипломирал на департманот комуникации на Ибероамериканскиот универзитет, еден од најпрестижните приватни универзитети во Мексико.
Личен живот Ињариту е венчан со Марија Еладија Хагерман која е уредник и графички дијзанер. Хагерман и Ињариту изгубиле новороден син во средината на 1990. години. Тие имаат син и ќерка.
Тој е добар пријател со мексиканските режисери Гуљелмо дел Торо и Алфонсо Куарон, општо познати како „The Three Amigos of Cinema“.
Ињариту изјавил, во однос на нелегалната имиграција, „Не постои човек кој, како резултат на желбата да изгради подобар живот, треба да се именува или прогласува за нелегален.“ Според Ињариту, планот на Доналд Трамп за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико ќе го „предаде основањето на САД. Силата на САД лежи во различноста.“
Филмографија
Год. Филм Режисер Продуцент Сценарист Уредник Белешка 1996 Ѕвоно Краткометражен филм 2000 Кучешка љубов 2001 Буре барут Краткометражен филм 2002 Мексико
| Краткометражен филм |- | 2003 | 21 грам|
| 2006 | Вавилон|
| 2007 | АНА|
| Краткометражен филм |- | 2008 | Рудо и Курси|
| 2010 | Прекрасно|
| 2012 | Наран Џа|
| Краткометражен филм |- | 2014 | Човекот-птица|
| 2015 | Повратник''
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Мексикански режисери Категорија:Добитници на Оскар за најдобар режисер Категорија:Добитници на Златен глобус