Ојем е град во Габон во покраината Воле Нтем. Се наоѓа во северниот дел на земјата, 80 km југоисточно од тромеѓата Екваторска Гвинеја-Камерун-Габон и 410 km североисточно од главниот град, Либрвил. Лежи на реката Нтем. Во градот живееат 60,685 жители, според пописот во 2013 година.Gabon - City Population

Градот е административен и транспортен центар на околното земјоделско подрачје. Какао и кафе се главните производи кој се извезуваат преку камерунските пристаништа Криби и Дуала. Исто така се произведуваат гума и компир. Во декември 2004 година овде избила епидемија на стомачен тифус, која подоцна се проширила во поголемиот дел од државата.GABON: Typhoid outbreak extends to capital hit by water supply problems

Наводи

Категорија:Градови во Габон