Мионско неутрино — субатомска лептонска елементарна честичка со симбол и без вкупен електричен полнеж. Заедно со мионот го образуваат второто поколение на лептони, и оттука е наречено мионско нутрино. Претпоставката за неговото постоење е првпат направена на почетокот на 1940-тите од неколку научници, а откриено е во 1962 г. од Леон Ледерман, Мелвин Шварц и Џек Стајнбергер, за што тие ја добиле Нобеловата награда за физика во 1988 г.

Откривање Во 1962 г. Ледерман, Шварц и Стајнбергер утврдиле дека постои повеќе од еден вид неутрина со вршење на опити во Брукхејвенската национална лабораторија, забележувајќи ги заемодејствата на мионското неутрино (дотогаш претпоставено, под името неутрето), со што станале нобеловци.

Поврзано Електронсо неутрино Неутринско колебање Тау-неутрино

Наводи

Литература

Категорија:Неутрина Категорија:Лептони Категорија:Елементарни честички