Луј-Фердинан Селин ( – ) — француски романописец и лекар. Неговиот стил на пишување има заслуга за модернизирање на француската литература, а негов најпознат роман е Патување до крајот на ноќта. Селин го користел јазикот на средната класа во неговото творештво, за разлика од неговите претходници, кои го употребувале јазикот на буржоазијата. Неговиот стил имал влијание на разни книжевни жанрови и писатели, не само од француското говорно подрачје, туку низ целиот западен свет. Тука спаѓаат авторите на егзистенцијализмот, модернизмот, црната комедија и бит генерацијата. Сепак, поддршката на Селин за силите на Оската за време на Втората светска војна и памфлетите против Евреите го нарушиле неговиот имиџ како културна икона.

Животопис

Младост Луј-Фердинан Селин (чие вистинско име е Луј Фердинанд Огист Детуш) е роден на 27 мај 1894 година, во Курбвоа на Сена, близу Париз, во куќата бр. 12 на улицата Рамп ди Пон. Се родил во една соба во која штотуку умрело некое девојче, така што нејзините родители ја издале собата под наем.„Dodatak I: Selin o Selinu“, во: Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći. Beograd: LOM, 2019, стр. 243. Тој бил единственото дете на Фернан Огист Детуш и Маргерита Лујза Селин Гију. Татко му, со потекло од Нормандија, работел како менаџер во осигурителното друштво „Феникс“ (иако имал дипломирано книжевност), додека мајката била од Бретања и поседувала продавница за модерна облека. Дедо му на Луј-Фердинанд по страната на татко му бил професор по книжевност.

Во 1895 година, родителите го дале Луј-Фердинанд на чување кај една дадилка и кај неа останал две години. Во 1897 годинал, неговото семејство го затворила дуќанот и се преселило во Париз, во Вавилонската улица, а следната година се преселило во пасажот Шоазел каде мајката го презела еден дуќан со „куриозитети“.„Dodatak II: Hronologija“, во: Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći (drugi deo). Beograd: LOM, 2019, стр. 266.Chronology given in the Pleiade edition of his novels, volume I, Bibliothèque de la Pléiade, éditions Gallimard, , p.LV-LVI. p. 14.

Како дете ги посетил Англија и Германија во 1908-1910 за да ги научи тамошните јазици и полесно да се вработи. По завршувањето на основното училиште сѐ до полнолетство, работел повеќе работи како продавач на накит, помошник на кујунџии, итн. при што променил дури 12 занимања. Така, уште во 1910 година, тој работел како чирак кај еден трговец со трикотажа, а потоа и кај еден златар. Иако не бил многу образуван, со заработените пари купувал книги и самиот учел. Според неговото сеќавање, уште во раното детство, на петгодишна возраст, кај него се јавила желбата да биде лекар.

Во 1912 година, Луј-Фердинанд се пријавил во Дванаесеттиот оклопен коњички полк во Рамбује, иако родителите не се согласувале со тоа. Во тоа време се случила Втората мароканска криза, по што национализмот имал силно влијание меѓу помладата генерација.David Cottington, Cubism in the Shadow of War: The Avant-garde and Politics in Paris, 1905–1914 (New Haven and London: Yale University Press, 1998), pp. 33–37. Тригодишната служба ја почнал во Рамбује, но отпрвин бил несреќен и размислувал да дезертира.McCarthy p. 24. Потоа се приспособил на условите и во 1914 година станал помлад водник. Се борел на фронтот во Лорена, а потоа во Фландрија и бил одликуван со орден и воен крст поради пожртвуваноста при преносот на едно писмо до Ипр, подвиг во кој бил ранет од огнено оружје. Веројатно, тогаш добил и потрес на главата поради што до крајот на животот страдал од главоболки и вртоглавици. Поради повредата на раката, во септември 1915 година бил прогласен за воено неспособен без право на пензија и се вратил во Франција. Во 1916 година се оженил со барската забавувачка Сузан Неби, а во март истата година потпишал договор за работа како надзорник на плантажите на каучук и какао „Шанга-Убанги“ во Камерун. Во септември истата година станал надзорник на плантажата „Бикобимбо“. Во февруари 1917 година го раскинал договорот, а во март се лекувал од маларија чии последици ги чувствувал до крајот на животот. Во април се качил на бродот „Тарква“ кој пловел за Ливерпул. Летото го поминал во Лондон, а потоа се вратил во Париз. Во 1918 година бил ангажиран од Рокфелеровата фондација во борбата против туберкулозата при што заминал во Рен каде се запознал со докторот Фоле и со неговата ќерка Едит. Притоа, често патувал во Бретања каде ги учел луѓето како да се заштитат од туберколоза и како да одржуваат лична хигиена.„Dodatak II: Hronologija“, во: Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći (drugi deo). Beograd: LOM, 2019, стр. 266-267.McCarthy p. 27.

Самиот Селин се опишал себеси на следниов начин: „Како Бретонец, јас сум мистик, месијанец, сосема природно фанатик - без напор - безумен... А поркај тоа, паганин по апсолутното восхитување кон телесната убавина, здравјето. Ги мразам болеста, робувањето, морбидноста. Во тој поглед сум потполно грчки настроен - обожавам здраво детство... ослободен од секаква љубомора, донжуанизам, садизам итн. отсекогаш сум негувал воодушевување само за убавината на облиците... Секогаш сакав жените да бидат убави и лезбејки - многу пријатни за набљудување... Јас сум воаер, отсекогаш! Живеев десет години со Елизабет Крејг - танечрка од старо американско семејство. Многу убава црвенокоса - ги имаше Молиеровите црти пренесени на женско, со целиот негов дух и целиот негов гениј истовремено. Се врати во Америка за да потоне во ниско гангстерство и алкохол...„Dodatak I: Selin o Selinu“, во: Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći. Beograd: LOM, 2019, стр. 244.

Лекарската и писателската кариера Во 1919 година ја положил матурата во Бордо, во август се оженил со Едит Фоле, а со помош на нејзиниот татко се запишал на Факултетот за природни науки во Рен. Во 1920 година почнал да студира медицина по забрзана постапка наменета за воените ветерани, а во јуни истата година му се родила Колет Детуш. Во 1922 година стажирал во театарот „Тарние“ во Париз, каде ги продолжил студиите, а во 1924 ја одбранил тезата со наслов „Животот и делото на Филип Ингациј Земелвајс“. Следната година, како дел од мисијата на Друштвото на народите, Селин престојувал во Куба, а потоа и во Њујорк, Вашингтон, Њу Орлеанс, Балтимор, Детроит, Канада итн. Како дел од истата мисија, во 1926 година престојувал во Западна Африка (Сенегал, Судан, Гвинеја, Того и Брегот на слоновата коска), а тогаш се развел од Едит. Во август заминал во мисија во Европа каде ја запознал американската танчерка Елизабет Крејг, девојка со „слободни погледи“ и со неа започнал кратка, но бурна врска.„Dodatak II: Hronologija“, во: Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći (drugi deo). Beograd: LOM, 2019, стр. 267.McCarthy p. 28.

Во 1926 година го посетил Детроит за да ја види автомобилската компанија „Форд“, бидејќи правел студија за работниците. Селин бил згрозен од експлоатацијата на работниците, и напишал негативна статија во неговиот труд. Во 1927 година се вратил во Париз, а договорот со Друштвото на народите не му бил продолжен. За таа работа, самиот Селин напишал: „Премногу Евреи, премногу состаноци и извештаи...“

Во ноември отворил ординација за општа и детска медицина во Клиши, а во 1929 работел како хонорарен лекар во градскиот диспанзер во Клиши. Истата година патувал низ Германија, Скандинавија и во Лондон. Во март 1932 година умрел татко му, а истата година повторно патувал низ Германија и во Берлин се сретнал со Ерика Ирганг и Силија Пам, девојките кои ги запознал неколку месеци претходно во Париз. Во текот на мај и јуни 1933 година патувал низ Европа, а во 1934 година ја посетил Елизабет Крејг во САД. Во Лос Анџелес ја раскинал врската со неа и заминал во Чикаго со данската танчерка Карен-Мари Јенсен, а оттука заминал во Њујорк и потоа се вратил во Европа. Во декември истата година престојувал во Антверпен, заедно со Евелин Поле. Во февруари 1935 година заминал во Виена со Силија Пам, но во март се вратил во Антверпен кај Поле. Во мај заминал во Лондон каде имал кратка врска со пијанистката Лисјен Делфорж, а кон крајот на годината ја запознал оперетската пејачка Лисета Алманзор.„Dodatak II: Hronologija“, во: Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći (drugi deo). Beograd: LOM, 2019, стр. 268. p. 15.

Подоцнежниот живот и смртта мини|десно|Цртеж на Селин во поодмината возраст

Во периодот од 1935 до 1937 година, Селин го започнал својот политички ангажман. Иако не бил член на ниту една политичка партија, тој објавувал антисемитски памфлети, по што англискиот книжевен критичар Вилијам Епсон го нарекол „ударно перо на фашизмот“.Empson, William, Some Versions of the Pastoral, Chatto & Windus, 1935, p.11 Така, во 1936 година, тој објавил еден антикомунистички и три антисемитски памфлети, а истата година, во јули и август отпатувал во СССР (Ленинград и Москва) од каде што се вратил полн со омраза кон комунизмот. Во февруари 1937 година престојувал во Њујорк, а кон крајот на годината престанал да работи во диспанзерот во Клиши. Во јануари 1938 година престојувал во Антверпен со Евелин Поле, а во април и мај престојувал во Канада и во САД. Во ноември 1938 година го објавил памфлетот „Училиште за трупови“ во кој се залагал за сојуз меѓу Франција и Германија. Во 1939 година се преселил во станот на мајка му, а истата година бил дефинитивно ослободен од воената обврска како инвалид од прва категорија со право на државна пензија. Во декември ја прифатил работата како лекар на бродот „Шели“ кој пловел кон Казабланка. Меѓутоа, на 5 јануари 1940 година, дошло до судар меѓу „Шели“ и еден британски брод, па морал принудно да застане во Гибралтар. Во март почнал да работи како лекар во Сартрувил, а на 10 јуни, по навлегувањето на германската војска во Франција, заминал во збег заедно со персоналот на диспанзерот. Во својот памфлет „Во сос“ од 1941 година ги анализирал причините за поразот на Франција, а во март 1942 година во текот на пет дена престојувал во Берлин. Во 1943 година, Селин се оженил со Лисета Алманзор.„Dodatak II: Hronologija“, во: Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći (drugi deo). Beograd: LOM, 2019, стр. 268-270.

Во јуни 1944 година, Селин и Лисета заминале во Германија со намера да пребегаат во Данска. Притоа, престојувале во Баден-Баден, во Берлин и во Зигмаринген каде се наоѓал и маршалот Петен. Во 1945 година, во Париз, умрела мајка му на Селин, а тој и Лисета пристигнале во Копенхаген каде престојувале кај Карен-Мари Јенсен.

Во април 1945 година, францускиот суд издал налог за апсење на Селин и врз основа на него тој бил подоцна уапсен, а францускиот суд го прогласил за „срам за државата“. Во 1946 година го напишал „Одговорот на тужбата за предавство која против мене ја издала француското правосудство, а која ја изнесоа истражните органи на данскиот суд во истражната постапка во текот на мојот притвор 1945-1946 во Копенхаген.“ Во тоа време тој го напишал следново за нацизмот: „Нивниот филозофски и управен персонал беше очајнички медиокритетски... орда алчни малограѓански провинцијалци собрани околу пленот. Ситни профитери достојни за совршен презир - ништо повеќе... Сè што повраќаше Хитлер мене отсекогаш ми изгледаше ништожно... Да поживееше Хитлер, сигурно би ме стрелал.“ Во ноември бил префрлен в болница.„Dodatak II: Hronologija“, во: Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći (drugi deo). Beograd: LOM, 2019, стр. 270-271.