Милан Недков (роден во Кавадарци, - ) — македонски правник, универзитетски професор и поранешен уставен судија.
Животопис
Завршил Правен факултет во Скопје во 1957 година. Бил на специјализација во Институтот за општествени науки во Белград.
Во 1960 година, тој бил избран за асистент на Правниот факултет во Скопје. Докторирал на тема од областа на правото во 1965 година. Во 1974 година, тој бил избран за редовен професор на Правниот факултет.
Повеќе години бил раководител на Одделението за политиколошки истражувања на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, а четири години бил директор на овој Институт. Учествувал како раководител и истражувач во реализацијата на повеќе проекти, особено посветени на истражување на изборните процеси и јавното мислење.
Повеќе години бил главен и одговорен уредник на списанието „Погледи“.
Од 1994 до 2003 година, тој бил судија на Уставниот суд на Република Македонија, а во времето од 1997 до 2000 година, тој бил и негов претседател.Биографија на Уставниот суд на РМ
Творештво
Објавил над 25 студии и учебници, како и над 200 статии и есеи. Позначајни објавени научни и стручни трудови се следните: Студентската 1968 година, (во соавторство со Димитар Мирчев), Скопје, 1970. Санација на организациите на здружениот труд, Скопје, 1988. Преоден период на претворање на организациите на здружениот труд во претпријатија, Скопје, 1989. Работниот однос и неговото правно уредување, Скопје, 1990. Организирањето на општественото претпријатије како акционерско друштво односно друштво со ограничена одговорност во мешовита сопственост, Скопје, 1990. Акционерско друштво, Скопје, 1990. Коментар на Законот за претпријатијата и Законот за општествениот капитал, (монографија), Скопје, 1990. Приватизација на општествениот капитал во Република Македонија, (студија), соавтор, Скопје, 1991. Статутот и неговото место во уредувањето на односите во акционерското друштво, Скопје, 1991. Уредување и раководење со претпријатијата, Скопје, 1991. Настанување на холдинг претпријатието, Скопје, 1991. Судбината на интерните акции, Скопје, 1992. Коментар на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, (монографија), соавтор, Скопје, 1993. Коментар на преодните и завршните одредби на Законот за трговските друштва, (монографија), Скопје, 1996. Основање на трговското друштво, (монографија), Скопје, 1996. Одлучување и управување со друштвата на капиталот, (монографија), Скопје, 1997. Намалување на основната главнина на акционерското друштво, Скопје, 1999.
Наводи
Надворешни врски Денко Малески „In Memoriam Професор Милан Нетков: човек достоен за почит“
Категорија:Правници од Кавадарци Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски уставни судии Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Професори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје