Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Одредот е оформен на 21 мај 1943 година, од 46 борци од Мавровско-гостиварскиот народноослободителен партизански одред „Кораб“, Кичевскиот народноослободителен партизански одред „Козјак“ и Крушевскиот народноослободителен партизански одред „Питу Гули“. Партизаните на одредот влегуваат во судири кај селото Сливово на 23 мај, Невестински гроб на 30 мај, Пресека на 14 јуни, Карбуница на 20 јуни, и други. Откако одредот брои 70 борци, во текот на јули 1943 година разделен е на Мавровско-гостиварски народноослободителен партизански одред (Прв кичевски народноослободителен одред) и Кичевски народноослободителен одред (Втор кичевски народноослободителен одред). На 23 септември 1943 година одредот влегува во рамките на Кичевскиот народноослободителен баталјон.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 697. лево|мини|Драге Ристески е првата жртва на одредот. Загинал во Битката кај Невестински Гроб на 30 мај, 1943 година. Првата жртва на одредот бил Драге Ристески од кичевското село Карбуница. мини|Љубица Богеска е една од жените кои го сошиле знамето на одредот. Знамето на одредот е сошиено од група младинки, меќу кои е ѝ Љубица Богеска од Кичево.

Команданти Иван Дојчинов - командир Мино Богданов - политички комесар Златко Билјановски - заменик-политички комесар Мирко Милески Ели Аргировска Димитар Берберовски

Наводи

Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Одреди во НОВМ