Прилепски народноослободителен партизански одред „Ѓорче Петров“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Дејност Одредот е формиран во реонот Габровник на 21 септември 1942 година, како прва чета во Велешко-прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“. Дејствува во селата Дабница, Десово, Ораов Дол, Беловодица, Плетвар, Старо Лагово, Забрчани, Дупјани и Мажучиште. На 20 декември 1942 година, одредот е опколен и разбиен од бугарската војска, во ПрилепецМакедонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1019Троански, Хр., Кажи кога да умра, Работилница за книжнина-Васил Станилов, 2007, с. 68. Меѓу загинатите е и Стефан Базерковски. Останатите преминале на север од планината Бабуна, во областа Азот.

Раководители Стефан Базерковски Петар Пепелјуговски Киро Нацев

Наводи

Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Одреди во НОВМ