Сем Бенет (; р. ) — ирски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Станал професионален возач во 2011 година и има освоено пет етапи на големите трки: три етапи за на Џиро д’Италија 2018 и две етапи за на Вуелта а Еспања 2019.
Кариера Рана кариера
Бенет е роден во Вервик, Белгија, каде неговиот татко Мајкл играл фудбал за локалниот клуб Ендрехт Вервик. Се преселил со своите родители во родната Ирска на четири години, каде раните години ги поминал во Карик на Шур, родниот град на велосипедистот Шон Кели.
Бенет бил примен во Вело Клуб ла Пом на 17 години и се приклучил на нив откако ја завршил третата година образование на Институтот за технологија Вотерфорд. Во 2009 година, Бенет возел по првпат на Рас Таилтеан. Во сезоната 2010, Бенет го освоил националното друмско првенство под 23 години на 19 години.
Ан Пост-Шон Кели (2011–2013)
Во 2011 година, Бенет го напуштил клуб и се приклучил на екипата , под водство на менаџерот Курт Богертс. Повторно го освоил националното друмско првенство под 23 години и еднодневната трка ГП Стад Гел.
Следната година завршил десетти на Светското друмско првенство под 23 години и седми на Европското друмско првенство под 23 години.
Во 2013 година, станала професионална континентална екипа. Бил избран да ја претставува Ирска на Светското друмско првенство, заедно со Даниел Мартин, Николас Роуш и Метју Брамајер. Пред Светското првенство, настапувал на Трката околу Британија со екипата . Завршил втор зад Гералд Чолек од на втората етапа, напаѓајќи на искачување од 15% на околу 400 метри пред целта, пред да биде претекнат од Чолек на последната рамнина. Подоцна, Бенет ја освоил петтата етапа, освојувајќи ја спринтерската завршница. Ја завршил трката со второ место на осмата етапа, губејќи од Марк Кевендиш.
НетАп-Ендура (2014–19) 2014 и 2015
Се приклучил на во 2014 година, Бенет ја остварил својата прва професионална победа на Класика де Алмерија и победил двапати во Германија: Трката околу Келн и петтата етапа на Трката околу Баварија.
Сезоната 2015 започнала за Бенет на Трката околу Катар, каде ја освоил завршната етапа. Бенет ја освоил првата и третата етапа на Трката околу Баварија, со што го освоил бодовниот пласман. Бенет бил вклучен во масовен пад на крајот на изданието 2015 на Схелдепрејс.http://www.cyclingnews.com/news/scheldeprijs-finale-marred-by-mass-crash Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015. Завршил 16 етапи на трката пред да се откаже. Се вратил на трките на Арктичката трка на Норвешка и ја освоил втората етапа во Сетермун; завршил втор во бодовниот пласман зад Александер Кристоф. Бенет ја остварил својата последна победа во сезоната на Париз-Бурж во спринтерска завршница.
2016 и 2017
Во март 2016 година, Бенет ја освоил првата етапа на Критериум Интернасионал во Корзика. Резултатот на Тур де Франс 2016 бил спречен од пад при кој се здобил со скршени прсти на неговата десна рака, но сепак продолжил и ја завршил трката последен, на 174. место во генералниот пласман со 5 часа, 17 минути и 14 секунди зад победникот. На последната трка завршил меѓу најдобрите 10 во Париз. After recovering from his Tour injuries, Bennett went on to take a stage win at the Giro di Toscana, and won the points classification. The following month, he won his second consecutive Paris–Bourges.
На 7 март, Бенет ја освоил третата етапа на Париз-Ница 2017, пред Александер Кристоф, Џон Дегенколб, Марсел Кител, Мајкл Метјус, Арно Демар и Андре Грајпел во спринтерска завршница. Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017. Бенет освоил две етапи на Трката околу Словенија и бодовниот пласман. На Трката околу Чешка, повторно освоил две етапи и бодовниот пласман. Во септември ја освоил Минстерланд Џиро во фото-завршница. Во октомври, Бенет освоил четири од шест етапи на Трката околу Турција 2017.
2018 и 2019
мини|Бенет на Париз-Ница 2019, каде победил две етапи.
Сезоната 2018 ја започнал со настап на Тур Даун Андер 2018 и покрај својата болест. Бенет завршил последен на првата етапа. Бенет исто така започнал на Париз-Ница, но морал да ја напушти на третата етапа поради болест.
На Волта а Каталуња, Бенет завршил втор на втората етапа. На 11 мај ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка во спринт на седмата етапа на Џиро д’Италија. На 17 мај ја освоил својата втора етапа на Џиро д’Италија станувајќи прв Ирец кој успеал во тоа во последните 30 години. Ја фатил главната група неподготвена и се одвоил на 400 метри пред целта на дванаесеттата етапа на патеката Имола. Исто така, ја освоил и завршната етапа во Рим.
Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019, прв настап на оваа голема трка. На 26 август ја освоил третата етапа на Вуелта, негова прва победа на трката. Исто така, ја освоил етапата 14, а завршил на второто место на четири други етапи; завршил трет на бодовниот пласман, зад другите фаворити Примож Роглич и Тадеј Погачар.
Декојнинк-Квик-Степ
Во декември 2019 година, Бенет потпишал двегодишен договор со белгиската екипа .
Достигнувања
2008 1. Европско јуниорско првенство - бодовна трка 1. Јуниорска трка Мартин Донели 2009 1. Алејнс ГП 1. Етапа 7 Ан Пост Рас 5. Национално друмско првенство под 23 години 2010 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. Етапа 4 Трка Рона-Изерски Алпи 7. Гран при де Вужи 8. Национално друмско првенство 8. Дижон-Оксон-Дижон 2011 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. ГП ван де стад Гел 5. Национално друмско првенство 2012 3. Трка околу Северна Холандија 8. ГП Стад Зотегем 9. Европско друмско првенство под 23 години 2013 1. Етапа 5 Трка околу Британија Ан Пост Рас 1. Етапа 3 1. Етапа 8 1. Краен пласман Суир Вали 3 Ден 4. Схал Селс-Мерксем 4. Кернен Омлоп Ехт-Сустерен 6. Пејвелде Курсе 7. Дач Фуд Вали Класик 10. Омлоп ван хет Васланд 2014 1. Класика де Алмерија 1. Трка околу Келн Трка околу Баварија 1. 20п Спринтерски пласман 1. Етапа 5 2. ПроРејс Берлин 5. Схелдепрејс 6. Класик Лондон-Сари 2015 1. Париз-Бурж 1. Етапа 6 Трка околу Катар Трка околу Баварија 1. Етапа 1 1. Етапа 3 1. Етапа 2 Арктичка трка на Норвешка 4. Трофео Плаја де Палма 10. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос 2016 1. Париз-Бурж 1. Етапа 1 Критериум Интернационал 2. Трка околу Франкфурт 2. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс 4. Трофео Плаја де Палма 5. Краен пласман Џиро ди Тоскана 1. Етапа 2 7. Краен пласман Трка околу Катар 8. Гран при де Фурмје 2017 1. Минстерланд Џиро Трка околу Турција 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 5 Трка околу Словенија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 4 Трка околу Чешка 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 4 1. Етапа 3 Париз-Ница 2. Пиплс Чојс Класик 8. Класик Лондон-Сари 10. ГП Кантон Аргау 2018 1. Трка околу Келн Џиро д’Италија 1. Етапа 7 1. Етапа 12 1. Етапа 21 Трка околу Турција 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 6 7. Трка околу Франкфурт 2019 1. 20п Национално друмско првенство Трка БинкБенк 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 Трка околу Турција 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 2 Вуелта а Еспања 1. Етапа 3 1. Етапа 14 Париз-Ница 1. Етапа 3 1. Етапа 6 1. Етапа 3 Критериум ди Дофине 1. Етапа 7 Трка ОАЕ 1. Етапа 7 Вуелта а Сан Хуан 2. Класик Лондон-Сари 6. Европско друмско првенство 10. Трка околу Келн 2020 1. Тур Даун Андер
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п Џиро——158112———— ТурСО174———138—— 20п Вуелта————134137—
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Интервју на страницата на федерацијата
Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Ирски велосипедисти Категорија:Ирци со белгиско потекло Категорија:Луѓе од Вервик Категорија:Ирски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Ирски етапни победници на Вуелта а Еспања