Антоан Мари Жозеф Арто, попознат како Антонен Арто (), (, – , ) – француски драматург, поет, есеист, глумец и театарски режисер,Poetry Foundation - Antonin Artaud познат како еден од главните фигури на театарскиот дваесетти век и европската авангарда.
Животопис Антонен Арто роден е на 4 септември 1896 година во Марсеј, Франција.John Wakeman, World Authors, 1950-1970: A Companion Volume to Twentieth Century Authors Неговите родители Еуфразија Налпас и Антоан-Рој Арто биле жители на Смирна (денешен Измир) и тој бил под големо влијание на неговото грчко потекло. Мајка му родила девет деца, но само две, покрај Антоан, го преживеале детството. Кога имал четири години, Арто имал тежок случај на менингитис, заради што имал раздразлив темперамент во текот на младоста. Исто така боледувал од невралгија, пелтечење и тешки напади на клиничка депресија.
Неговите родители организирале долги низи престојувања во санаториуми за нивниот темпераментен син, кои долго траеле и биле скапи. Тоа траело пет години, со пауза од два месеци во јуни и јули 1916 година, кога Арто бил регрутиран во француската војска. Тој бил отпуштен од војска, наводно, заради месечарење. Во текот на своето лечење во санаториумот ги прочитал Артур Рембо, Шарл Бодлер и Едгар Алан По. Во мај 1919 година, директорот на санаториумот му препишал лауданум на Арто, спрема кој и спрема други опијати, Арто створил доживотна зависност.
Театар на свирепоста Арто верувал дека театарот треба да биде снага за ослободување на човечката потсвест и откривање на човекот спрема себеси. Тој повикал на „заедница меѓу глумецот и публиката во магичниот егзорцизам; комбинација на гестови, звуци, необични сцени и осветлувања, за да формира јазик, супериорен над зборовите, кој може да се користи да подрива во мислите и логиката и да ги шокира гледачите давајќи им поглед во нискоста на неговиот свет.Antonin Artaud | French author and actor | Britannica.com
Во неговата книга „Театарот и неговиот двојник“, која ги содржела првиот и вториот манифест на „Театарот на свирепоста“, Арто го изразил своето одушевување кон источните облици на театар, особено на Бали. Во еден момент, тој навел дека под свирепост не мислел исклучиво на садизам и предизвикување болка, туку често насилната, физичка одлучност да ја разбие лажната реалност. Тој верувал дека текстот бил тиранин над значењето и се залагал, наместо тоа, за театар направен од единствен јазик, на пола пат меѓу мислите и движењата. Арто ја опишал духовноста во физичка смисла и верувал дека сите театри се физички изразени во просторот. Театарот на свирепоста е створен со цел да му го врати на театарот страсниот и конвулзивен концепт на животот, и во таа смисла, насилната строгост и екстремната кондензација на сценски елементи за да може да се сфати свирепоста во кои се заснова. Оваа свирепост, која ќе биде крвава кога е тоа неопходно, но не системска, може на тој начин да се идентификува со некој вид на тешка морална чистота која не се плаши да му ја плати на животот цената која мора да биде платена.
Поврзано Надреализам Пантомима Чарли Чаплин
Наводи
Надворешни врски
Bulletin international Antonin Artaud Œuvres d’Antonin Artaud (domaine public au Canada) Поетска фондација Антонен Арто Театарот на свирепоста Театарот и неговиот двојник
Категорија:Француски писатели Категорија:Француски поети Категорија:Француски есеисти Категорија:Француски глумци Категорија:Писатели од 20 век Категорија:Француски надреалистички писатели Категорија:Модерни уметници