Колонија Гренланд била поранешна колонија на Данска. Колонијата го заземала целиот остров Гренланд. Оваа колонија била краткотрајна бидејќи траела од 1950 до 1953 година, кога статусот на колонија бил укинат. Колонијата во својата историја имала само еден гувернер поставен од Данска.
Историја Колонијата Гренланд настанала со обединувањето на двете поранешни дански колонии Северен Гренланд и Јужен Гренланд. Двете колонии со години опстојувале одделно, но во 1950 година Данска ги споила во една. Седиште на новата колонија бил градот Нук. Овој статус на колонија бил зачуван до 1953 година, кога Гренланд станал рамноправна членка на Кралството Данска.
Наводи
Поврзано Гренланд Данска Историја на Гренланд
Категорија:Историја на Гренланд Категорија:Поранешни колонии на Данска Категорија:Држави и територии настанати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1953 година