Роже Каjоа (француски: Roger Caillois, роден на во - починал на во ) — француски писател, социолог и литературен критичар.
Биографија
Роже Каjоа е роден на во , Франција. Завршил средно образование во Ремс, каде што живеел на ул. „Енкмар“ бр. 75 - токму спроти куќата на Роже Жилберто Локонт, поет-авангардист и писател. Тој се поврзал со авторите на списанието „Големата игра“ и ги дал за печатење своите први литературни текстови на Роже Жилберто и Рене Домал.
Во периодот помеѓу 1929 и 1933 година студирал во Париз. Во Париз учествувал во активностите на надреалистите и се зближил со Андре Бретон, Салвадор Дали, Пол Елијар, Макс Ернст итн.
Во 1935 година испратил отворено писмо до Андре Бретон и раскинал со кругот на надреалистите, за да се поврзе со поранешни надреалистите како Луј Арагон. Во тоа време започнало да се издава списанието „Инквизиција“. Списанието имало за цел да ги истражува научно и сериозно човечките феномени под знакот на нов рационализам, инспириран од Гастон Башлар.
Во 1938 година заедно со Жорж Батај и Мишел Лејрис ја создале литературната група „Колеџ по социологија“. Во истата година се запознал со Викторија Окампо - писателка, издателка и меценат која го поканила во својот дом во Аргентина. Таму живеел за време на Втората светска војна, раководејќи со Францускиот културен институт во Буенос Аирес. Освен тоа, во Аргентина започнал да го издава списанието „Les Lettres françaises“.
По крајот на војната, Кајоа се вратил во Франција, каде станал раководител на колекцијата „Јужен крст“ во издавачката куќа „Галимар“, посветен на литературата од Јужна Америка. Освен тоа, тој ги преведувал расказите на Хорхе Луис Борхес. Во истата колекција биле објавени и делата на Пабло Неруда и Мигел Анхел Астуријас.
Од 1948 година Роже Каjоа бил избран за висок функционер на УНЕСКО, каде раководел со одделот за литература, а подоцна со одделот за културен развој. Во 1952 година го организирал издавањето на меѓународното филозофско списание „Диоген“. Клод Леви-Строс исто така работел за УНЕСКО и кога во 1955 година ја издал својата монографија „Трка и историја“, Кајоа се изразил критично кон делото, а Леви-Строс му реплицирал. Во 1971 година Кајоа бил избран во Француската академија и кога две години подоцна во академијата бил избран и Леви-Строс, двајцата повторно ги потенцирале своите разлики.
Роже Каjоа починал на во ) и бил погребан на гробиштата на Монпарнас, Париз. Во 1991 година на негово име е воспоставена награда за литература.
Дела 1938: Le Mythe et l'Homme 1939: L'Homme et le Sacré 1942: Puissances du roman 1948: Babel, orgueil, confusion et ruine de la littérature 1950: Description du marxisme 1951: Quatre Essais de sociologie contemporaine 1956: L'Incertitude qui vient des rêves 1957: Les Jeux et les Hommes 1960: Méduse et Cie 1961: Ponce Pilate, (récit) 1962: Esthétique généralisée 1966: Pierres 1970: L'Écriture des pierres 1973: La Dissymétrie 1973: La Pieuvre : essai sur la logique de l'imaginaire 1979: Approches de l'imaginaire 1991: Les Démons de midi 2007: Images du labyrinthe 2009: Jorge Luis Borges
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Француски писатели Категорија:Апсолвенти на Високата нормална школа Категорија:Членови на Француската академија Категорија:Офицери на Легијата на честа Категорија:Француски надреалистички писатели Категорија:Погребани на гробиштата „Монпарнас“