Централна Македонија (, ПериФерија Кентрикис Македонијас) — област во Грција која се состои од средишниот дел на Егејска Македонија. Со 1,9 милиони жители го зазема второто место по населеност, веднаш по Атика. Главен град е Солун.
Управа Областа е создадена во 1987 г.. Со реформата „Каликратис“, почнувајќи од 2011 г. областа добива изменети и проширени надлежности. Заедно со Источна Македонија и Тракија, областа е под надзор Децентрализираната управа на Македонија и Тракија со седиште во Солун.
Поделена е на 7 окрузи: Иматија, Кукуш, Пиерија, Постол, Сер и Солун и Халкидик. Окрузите понатаму се поделени на вкупно 38 општини. Иматија и Пиерија се наречени по долномакедонските области Ематија и Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Според народната номенклатура на краиштата, едниот округ соодветствува на „Берско“, а другиот на „Катеринско“.
Иако географски ѝ припаѓа на Централна Македонија, Света Гора е управно независна од неа, и ужива автономна самоуправа во рамките на грчката држава.
Стопанство Централна Македонија е најпосетената област во Грција, со 18,2% од вкупниот туризам во земјата. Во 2008 г. областа ја посетиле 3,21 милиони туристи. Во 2011 г. БДП по глава на жител на областа изнесувал 14.400 евра, заземајќи го деветто место од вкупно 13 области во Грција, или доста пониско од државниот просек од 18.500 евра.
Демографија Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во оваа област, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во оваа област Македонците живеат во околу 230 населени места и сочинуваат околу 10% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 195.000 Македонци.
Окрузи и општини Областа има 7 окрузи и вупно 38 општини: мини|десно|300п|Карта на окрузите и општините во Централна Македонија Округ ОпштинаПовршина (км²)НаселениеАдм. центарИматијаБер791,4366.547БерГида473,3941.570ГидаНегуш424,9132.494НегушКукушКукуш1581,2151.926КукушПајонија923,7028.493РугуновецПиеријаДион-Олимп495,325.668ЛитохороКатерина681,985.851КатеринаПидна-Колиндар339,515.179ЛибановоПостолВртикоп239,5320.188ВртикопВоден611,2128.814ВоденМеглен985,8227.556С’ботскоПостол669,2263.122ПазарСерВизалтија658,320.030НигритаДовишта338,7814.664ТополјаниДолна Џумаја451,521.145Долна ЏумајаЕниќој414,309.182РодулевоЗелјахово405,6112.397ЗелјаховоСер601,4976.817СерСинтика1112,4022.195ВаловиштаСолунАмбелокипи-Менемени9,852.127АмбелокипиКорделио-Арманќој12,77101.753Нов Арманќој-КорделиоБешик782,723.478СтавросДаутбал217,7838.317ДаутбалДелта308,8845.839ТекелиевоИлиџиево389,533.673КуфаловоКаламарија6,491.279КаламаријаКапуџилар-Хортач156,870.110АрсаклиЛагадина1220,3041.103ЛагадинаНеаполи-Сикјес12,7684.741СикјесПавлос Мелас24,9299.245СтавруполиСедес385,3253.201СедесСолун19,3325.182СолунСолунски Залив131,3650.264Хаџи БалиХалкидикАристотел739,8718.294ЕрисовоКасандра333,6816.672ВалтаНова Пропонтида380,7736.500Нова МудањаПолигеро951,9722.048ПолигероСитонија514,7012.394Никит
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Области во Грција Категорија:Егејска Македонија Категорија:Држави и територии настанати во 1987 година