Ендру Расел Гарфилд (роден на 20 август 1983 г.) — американско-британски глумец. Роден во Лос Анџелес и израснат во Епсом, Гарфилд ја започнал својата кариера во британскиот театар и во телевизиски продукции. Својата прва улога во долгометражен филм тој ја добил во 2007 година во филмот Глинени гулаби. Гарфилд го привлекол вниманието на светската јавност во 2010 година толкувајќи го Едуардо Саверин во драма филмот Социјална мрежа, улога за која добил номинации за наградите Златен глобус и БАФТА, а за улогата во филмот Не дозволувај да одам ja добил наградата Сатурн.

Гарфилд подоцна добил пофалби за неговата изведба на човекот-пајак во суперхеројскиот филм Неверојатниот Спајдермен (2012). Тој исто така глумел во театар, играјќи го Биф во Бродвејската продукција на претставата Смртта на трговскиот патник од Артур Милер во 2012 година, улога која му донела номинација за наградата Тони за најдобар глумец. Во 2014 година, тој бил ко-продуцент и глумец во трилер драмата 99 домови. Во 2016 година, Гарфилд се појавил во два успешни историски филмови: Тишина на Мартин Скорсезе и Гребен на спасените на Мел Гибсон. Неговата изведба на Дезмонд Дос во Гребен на спасените му донела номинации за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобар глумец.

Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки 2005 Мамбо Џамбо Симо Краткометражен филм 2007 Глинени гулаби Тод Хајс 2007 Момче А Џек Буриџ / Ерик Вилсон 2008 Другата девојка од Болејнови Френсис Вестон 2009 Имагинариумот на Доктор Парнасус Антон 2009 Воздух Том Краткометражен филм 2010 Тука сум Шелдон Краткометражен филм 2010 Не дозволувај да одам Томи 2010 Социјална мрежа Едуардо Саверин 2012 Неверојатниот Спајдермен Питер Паркер / Спајдермен 2014 Неверојатниот Спајдермен 2 Питер Паркер / Спајдермен 2014 99 домови Денис Неш Исто така и продуцент 2016 Гребенот на спасените Дезмонд Дос 2016 Тишина Отец Себастијао Родригес 2017 Диши Робин Кевендиш Постпродукција 2017 Под Сребреното Езеро Постпродукција

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски глумци Категорија:Американски глумци Категорија:Добитници на БАФТА награди Категорија:Луѓе од Лос Анџелес Категорија:Добитници на наградата „Тони“ Категорија:Англиски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус