Христо (Ичко) Бабјански или Бабе или Бамбов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 28

Животопис Роден е во ениџевардарското село Бабјани, тогаш во рамките на Отоманското Царство. Дејствува со чета во Пајак Планина заедно со својот брат Димитар Бабјански. Се приклучува кон ВМОРО, и станува четник во четата на Павел Граматиков и Апостол Петков. Во текот на 1904 година, го убива Константин Дојамов, братучед на одметниците од ВМОРО Лазар, Траян, Гоно и Димитар ДојамовиΟι Μακεδονομάχοι Αδελφοί Δογιάμα, Κωνσταντίνος Δογιάμας, Εκδόσεις: University Studio Press, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών.

Учествува во Илинденското востание како војвода во Солунскиот револуционерен округ.100 години Илинденско востание Потоа е подвојвода за планинскиот реон. Загинува во борба со турскиот аскер во месноста Крушка, на Пајак Планина, кај селото Крива, на 8 февруари 1905 година. Главата му е отсечена и покажана во околните села.Бабев, Иван. Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, Софија, 2009, стр.200, 230. Според друг извор, тој загинал заедно со еден од своите борци, на 26 јануари 1905 година.Николов, Борис Й. „Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник”. Софија, 2001, стр. 14..

Наводи

Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски револуционери Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија