мини|десно|250п|Перихел и афел се најблиската и најдалечната точка (апсида) на директната орбита на астрономскиот објект околу Сонцето. Афел — точка во орбитата на астрономскиот објект, каде што тој е најдалеку од својот орбитален фокус. Поимот со спротивно значење кој ја претставува точката каде што објектот е најблиску до својот орбитален фокус се нарекува „перихел“.
Според Првиот кеплеров закон, сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем имаат приближно елиптични орбиити околу Сонцето. Оттука, објектот којшто орбитира има најблиска и најдалечна точка од објекот околку кој се движи. Секоја екстремна вредност е позната како апсида. Орбиталното занесување ја мери сплеснатоста на орбитата, односно отстапувањето од совршен круг.
Потекло на поимот Поимот „афел“ потекнува од старогрчките зборови ἀπ(ό) (апо), со значење „далеку“, и Ἥλιος (хелиос), со значење „Сонце“.
Основни формули Полупречникот на перифелот се пресметува со помош на формулата: ,
каде: a — голема полуоска; и е — орбитално занесување.
Брзината во перихелот се пресметува со формулата: ,
каде: G — гравитациска константа; М — Сончева маса; a — голема полуоска; и е — орбиитално занесување.
Сончев Систем Земја Афелот на Земја се случува на растојание од 152.098.233 км од Сонцето. Земјата се наоѓа во афел во периодот од 3-7 јули
Други планети Перихелот н останатите планети во Сончевиот Систем согласно информациите на НАСА се случува на следните растојанија: Меркур — 69.817.445 км; Венера — 108.942.780 км; Марс — 249.232.432 км; Јупитер — 816.001.807 км; Сатурн — 1.503.509.229 км; Уран — 3.006.318.143 км; и Нептун — 4.537.039.826 км.
Поврзано
Перихел Апсида (астрономија) Сонцестој Затемнување
Белешки Се вели дека орбитата на астрономскиот објект е „приближно“ елиптична, затоа што орбиталното движење не завршува онаму каде што започнало поради прецесија.
Наводи
Категорија:Небесна механика Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ