Никола Трифонов Марковски, нерекуван уште и Коле Бапчорчето или Коле БапчорскиНиколов, Борис. ВМОРО (, Бапчор, Костурско - , , НР Бугарија) — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.54— македонски револуционер, теозоф,Митко Иванов. Страници за българското масонство. Изд-во "МКИ-1, 1992. с. 38. ISBN 9789548117012Иван Богданов. Синовете на вдовицата. Университетско издателство "Св. Климент Охридски", 1994. с. 90. ISBN 978-9540701134 деец на македонско-одринското ослободително движење и костурски војвода.
Животопис Марковски е роден во селото Бапчор, Костурско. Своето средно образование го стекнал во Солун и Битола. За време на Илинденското востание како војвода на чета бил тешко ранет во десната нога. По востанието заминал за Бугарија.Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 53. Учел историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски".
За време на Младотурската револуција во 1908 година станал член на бугарската партија Сојуз на бугарски уставни клубови и бил избран за делегат на партискиот основачки конгрес од Костур.
Во времето на Првата светска војна завршил школа за резервни офицери и служел во 65 полк на Единадесета македонска пешадиска дивизија на бугарската армија.Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 100.
За време на грчкото управување на Егејска Македонија во Втората светска војна во почетокот на април 1943 година по иницијатива на Централниот комитет на ВМРО, Костурското братство испратило делегација во Костурскиот крај, во која влегле Спиро Василев, Георги Киселинчев, Тома Бакрачев, Димитар Палчев и Никола Марковски. При враќањето се пратил извештај до бугарскиот цар Борис III, во кој делегацијата ги опишала маките на месното население, кое било подложено на терор од вооружени грчки формации и од италијанските окупаторски власти и замолиле на паравоената организација Охрана да се пуштат 1000 пушки, 20 лесни и тешки митралези и муниција, за да се вооружат сите кои се запишале како волонтери и инсистирале Бугарија да покаже и политичка поддршка на бунтовниците.
Марковски пишувал и поезија. Бил женет за сестрата на Васил Чекаларов, Зоја,Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София 2003, с. 236. која исто така участвала активно во македонското револуционерно движење.
Никола Трифонов бил последниот претседател на Бугарското теозофско обштество.В. Гюлгелиева. Спомени за достойни българи. С., 1997, с. 40. Починал во Софија, Бугарија на 26 октомври 1966 година.В. Гюлгелиева. Спомени за достойни българи. С., 1997, с. 58.
Наводи
Категорија:Луѓе од Бапчор Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Учесници во Илинденското востание