Маринер 3 – американско вселенско летало од програмата Маринер, едно од двете вселенски сонди дизајнирано и конструирано од Лабораторијата за млазен погон за проектот Маринер-Марс 1964, чија цел била да спроведе научни истражувања на планетата Марс и да пренесе, назад на Земјата, информации за меѓупланетарниот простор и просторот околу Марс, да направи телевизиски снимки на површината на Марс и радиоокултациски податоци од сигналите на вселенскиот број афектирани од атмосферата на Марс. .

Маринер 3 бил дополнително опремен со инструменти во однос на Маринер 2. Тој бил опремен со ТВ камера, дополнителни инструменти и 4 сончеви плочи. Од овие причини Маринер 3 имал поголема маса, па заради тоа бил употребена носечка ракета Агена Д, наместо дотогашната Агена Б.

Маринер 3 бил лансиран во 14:22 EST на 5 ноември 1964 година од Кејп Канаварел. Лансирањето поминало без проблеми, Агена го завршила своето согорување и ја донело сондата на траекторијата кон Марс. Еден час по лансирањето, првите телеметриски преноси од Маринер 3 биле примени, кои покажале дека научните инструменти функционирале исправно, но немало индикација дека сончевите плочи се во функција. После 8 часа батериите откажале и мисијата официјално е отповикана..

Три недели подоцна, на 28 ноември 1964 година, бил лансиран Маринер 4 кој стигнал во орбитата на Марс за седум и пол месеци.

Инструменти Маринер 3 бил опремен со следниве инструменти: телевизиска камера магнетометар детектор на плазма детектор на космички зраци детектор на меѓупланетарна прашина детектор на наелектризирани честички

Поврзано Програма Маринер Маринер 1 Маринер 2 Маринер 4 Маринер 5 Маринер 6 Маринер 7 Маринер 8 Маринер 9 Маринер 10

Наводи

Надворешни врски Mariner 3 Mission Profile by NASA's Solar System Exploration Space Flight Operations Plan Mariner Mars '64 (PDF)

Категорија:Астрономија Категорија:Марс Категорија:Маринер Категорија:Вселенски летала пуштени во 1964 година