Емил Рајковиќ (роден во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец, и тековен тренер без ангажман и поранешен изборник на казахстанската репрезентација.

Историја Играчка кариера Својата кариера ја започнал во Работнички во сезоната 1996/97. За сезоната 1997/98, Рајковиќ се преместил во Куманово. За следната сезона, Емил се вратил во Работнички со кој го освоил Првенството 1999 и 2001. Следната сезона играл сè уште во Работнички, станувајќи вицепрвак во Купот 2002 и првак во Првенството. Сезоната 2002/03, потпишал за Вардар. Но за време на таа полусезона, Емил Рајковиќ го напуштил Вардар. Во јануари 2003 година, Рајковиќ потпишал за грчки Нир Ист. За сезоната 2002/04, тој се вратил во Македонија, поточно во МЗТ Аеродром. Во сезоната 2004/05, Рајковиќ настапувал за струшки Фон.

Тренерска клупска кариера Рајковиќ од 2003 до 2005 година бил тренер младинската школа на Торус. За сезоната 2005/06 станал помошник тренер на прволигашот Тоа Сум Јас. За сезоната 2006/07, Емил станал помошник тренер во Фени Индустри, каде останал на таа позиција сè до Супер лигата и станал главен тренер. Во сезоната 2007/08, Рајковиќ со Фени ја Купот 2008 и Првенството. Следната сезона бил вицепрвак во Лигата. Во сезоната 2009/10, Емил Рајковиќ повторно ја освоил двојната круна со Фени. Во следната сезона, Рајковиќ ја одбранил титулата во домашното Првенство, и исто така ја освоил Балканската лига во истата сезона. Во сезоната 2011/12, Рајковиќ со Фени бил вицепрвак во Лигата и Купот. Сезоната 2012/13 ја започнал во Фени Индустри, но во јануари 2013 година потпишал две и пол годишен договор со Работнички. Со Работнички бил вицепрвак во сезоната 2013/14. Во јули 2014 година, Рајковиќ потпишал за полски Сласк Вроцлав, Рајковиќ во Сласк бил тренер сè до елиминацијата во разигрувањето кога го напуштил кормилото. За следната сезона, Емил повторно станал тренер на Сласк. Во јуни 2016 година, Емил потпишал за МЗТ Аеродром. Со МЗТ, Рајковиќ со освоил Суперкупот на Македонија 2016. Поради лошите резултати во АБА лигата, Рајковиќ си дал оставка како тренер од клубот. Веднаш потоа Емил се вратил во Полска и потпишал за Стал Острув Вјелкополски. За сезоната 2017/18, Рајковиќ со Стал станал вицепрвак во полското првенство. Во јули 2018 година, Рајковиќ ја сменил средината и потпишал за Астана од Казахстан. За сезоната 2019/20, Рајковиќ продолжил како тренер на Астана. Таа сезона Рајковиќ не ја завршил до крај бидејќи домашното казахстанско првенство и ВТБ лигата, со одлука на нивните извршни органи во март, биле принудени да се прекинат поради ширењето на COVID-19. На крајот на мај, казахстанската федерација службено го прекинала првенството и ја прогласила Астана, а со тоа и Рајковиќ, како првак. Во март 2021 година, Рајковиќ и Астана со освоиле Купот на Казахстан. По освојувањето на третата првенствена титула, тој ја напуштил КК Астана и се вратил во Македонија.

Тренерска репрезентативна кариера Во ноември 2019 година, Кошаркарската Федерација на Казахстан го поставила Рајковиќ за избирач на казахстанската репрезентација.

Успеси

Играчки титули Работнички Прва македонска лига (4) : 1996/97, 1998/99, 2000/01, 2001/02

Тренерски титули Фени Индустри Прва македонска лига (3) : 2007/08, 2009/10, 2010/11 Куп на Македонија (2) : 2008, 2010 Балканска лига (1) : 2010/11 МЗТ Аеродром Суперкуп на Македонија (1) : 2016 Астана Казахстанско првенство (3) : 2018/19, 2019/20, 2020/21 Казахстански куп (2) : 2019, 2021

Признанија Тренер на сезоната 2007/08 Македонски тренер на годината 2008 Македонски тренер на годината 2010 Тренер на сезоната 2010/11 Македонски тренер на годината 2014 Тренер на ВТБ лигата во сезоната 2018/19 Македонски тренер на годината во странство 2019

Наводи

Надворешни врски

Профил на Емил Рајковиќ на eurobasket.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркарски тренери од Скопје