Секула Христов, најпознат како ОраовдолскиПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 93Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.86 (, Ораов Дол - , Бистрица, Велешко) — македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Животопис Секула Христов е роден околу 1882 година во велешкото село Ораов Дол. Станал четник во четата на Панчо Константинов во 1904 година, кога заедно со Велко Попадиски и Дачо Јотов го убил својот вујко попот Чуре, кој бил просрпски ориентиран. Четата на Ораовдолски участвувала во најголемата и најкрватата битка по Илинденското востание, т.н. Битката на Ножот во јули 1907 година. Во ноември 1911 година станал велешки реонски војвода со Петар Лесев како помошник.

Во 1912 година при подготовките за војна од Бугарија и Србија од една страна и Отоманското Царство од друга страна, просрпските чети во Македонија добиле упаства од Белград за помирување со македонските. Во почетокот на јануари, Ораовдолски добил писмо од началникот на србоманските војводи од Велешко, Василие Трбиќ, во кое го молел да се сретне со војводата Никола Оморански во селото Мокрени. Четата на Секула се отповикала на повикот и на 6 јануари, тој отишол во Мокрени, но попат во заседа и при отпорот бил тешко ранет. Секула се утврдил во селото Бистрица, за да се лекува, но по предавството од страна на локални србомани, на 18 јануари селото било нападнато, а војводата Ораовдолски загинал.[ Аврамов, Стефан Н. „Революционни борби в Азоть (Велешко) и Поречието“, Материали за историята на македонското освободително движение, книга X, Македонски научен институтъ, София 1929, стр. 181-184]Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 180.

Наводи

Категорија:Луѓе од Ораов Дол Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Починати во Бистрица (Велешко)