Нескршливата Кими Шмит е американска телевизиска серија создадена од Tина Феј и Роберт Карлок. Во главната улога на оваа ситуациска комедија глуми Ели Кемпер, а серијата започна да се емитува на Нетфликс на 6 март 2015 година. 

Серијата го следи животот на 29-годишната Кими Шмит (Кемпер), која се труди да се прилагоди на живеењето во Њујорк откако, заедно со три други жени, ќе поминат 15 години во подземна скривница каде што наводно биле спасени од крајот на светот од свештеникот Ричард Вејн Гари Вејн (Џон Хам). По излегувањето од подземјето, Кими е решена да се пресели во Њујорк и тука да започне нов живот во кој луѓето нема да ја сожалуваат, а таа ќе биде секогаш во апсолутно позитивно расположение. Таа веднаш се спријателува со сопственичката на станот кој го изнајмува и со нејзиниот состанар кој се труди да стане глумец. Набрзо добива и работа како дадилка.

Уште од премиерата, серијата се здоби со критички успех. Досега е номинирана за вкупно 11 номинации за Наградата Еми за ударни термини, вклучувајќи две номинации за најдобра хумористична телевизиска серија.

Категорија:Американски серии Категорија:ТВ-серии