Теа Морк (родена на 5 април 1991 г., во Осло) е норвешка ракометарка која игра на позицијата лево крило за Копенхаген и за норвешката репрезентација.

Кариерата ја започнала во екипата на Бекелагет, а потоа играла и за Олборг и Њард пред да потпише за најславниот норвешки клуб Ларвик во 2009 година.

Животопис Теа Морк е сестра близначка на Нора Морк, која исто така е ракометарка и во моментов настапува за унгарскиот Ѓер.

Морк израснала во близина на областа Бекелагшален во Осло. Додека била дете нејзината мајка работела во одборот на ракометниот клуб Бекелагет, па било природно и Теа и нејзината сестра Нора на шестгодишна возраст да започнат да играат ракомет во клубот, како и двајцата нивни родители претходно активни ракометари.

Наводи

Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Норвешки ракометарки Категорија:Ракометарки на Ларвик