Кандидијаза е габична инфекција предизвикана од кој и да било вид на Candida.

Повеќе од 20 видови на Candida можат да предизвикаат инфекција, од кои габичката Candida albicans е најчестиот причинител. Најголемиот дел од кандидите паразитираат на површината кожата, носот, хранопроводот и анусот. При опаѓање на отпорноста на организмот, авитаминоза, имунодефициенции, бременост, стрес, менопауза и нерационална употреба на антибиотици доаѓа до нивно размножување и настанување на патолошки промени, познати како кандидијаза.„Кандида“, Биокулт, број 9, ноември 2016, стр. 10.

Инфекцијата предизвикана од кандида е најчеста кај женското население и кај дијабетичарите, а се проценува дека оваа инфекција е присутна кај 30% од светското население. Габичните инфекции може да бидат локални во усната шуплина, цревата и вагиналната слузница, но може да се прошират и низ целиот организам. На овие инфекции се поподложни дијабетичарите, зашто кандидата се храни со шеќери. Исто така, за време на менопаузата, телото на жената произведува малку естроген, што води до потенок вагинален ѕид, поради што габичките полесно се приспособуваат.

Симптоми При појава на инфекција на усната шуплина, вообичаено се појавува бела боја на кората на јазикот. Во случај на инфекција на цревата, најчести симптоми се дијареа, подуеност и повраќање. Кај вагиналната кандида се јавува пецкање, чешање и зголемен секрет.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Заразни болести Категорија:Габични инфекции Категорија:Габични заболувања Категорија:Болести кај коњите