Џамија (Асамати) — главна и единствена џамија во селото Асамати, во Општина Ресен, Македонија.
За првпат, во Асамати била изградена џамија во 2004 година. Претходно во селото немало никогаш џамија.
Се кажува дека верниците од ова село своите духовни потреби ги задоволувале во џамијата на селото Грнчари, а дел од нив им припаѓаат на дервишката секта бекташи, кои не посетуваат џамии. Муслиманските гробишта се во месноста Мемедица, северно од селото.
Наводи
Категорија:Асамати Категорија:Џамии во Општина Ресен Категорија:Џамии во Ресенското муфтиство