мини|десно|300п|Местоположба на Серамското Море во рамките на Југоисточна Азија мини|300п|Серамското Море во средината на Молучките Острови Seram Sea () — едно од неколкуте помали мориња помеѓу расеаните острови на Индонезија. Претставува дел од Тихиот Океан и зафаќа површина од околу . Сместено е меѓу островите Буру и Серам (Молучки Острови). Овие острови со векови биле мошне прометни во морепловството и привлечни за освојувачите како природно одгледувалиште на зачини и мирудии како морско оревче, каранфилче и бибер. Во морето живеат и неколку видови тропски главочи и разни други риби. Како и останатите помали индонезиски мориња, Серамското Море е карпесто и се одликува со голема тектонска активност.

Опфат Според Меѓународната хидрографска организација, Серамското Море е една од водните површини на Источноиндискиот Архипелаг, со следниве граници: На север и североисток. Линија од ’ртот Дехеколано, источниот крај на архипелагот Сула, до западниот крај на Оби, долж неговиот јужен брег до ’ртот Сераммалолео, неговиот источен крај, а оттаму низ островите Тобалај, Кекех, Писанг и Кофијау до ’ртот Селе (), западниот крај на Нова Гвинеја, надолу по брегот на Каруфа ().

На југоисток. A line from Каруфа, Нова Гвинеја, до југоисточниот крај на островот Ади, а оттаму до ’ртот Боранг, the Northern point of островот Нухујут [Кај Бесар] ().

На југозапад и југ. Од северниот крај на островот Нухујут (Крот Кај) низ архипелазите Ватубела и Горонг до југоисточниот крај на Серам, долж неговиот северен брег до ’ртот Тандурубесар, северозападниот крај, а оттаму линија до ’ртот Батурухан, северниот крај на Буру [Буру], па долж брегот до ’ртот Палпету, северозападниот крај на островот.

На запад. Линија на ’ртот Палпету до ’ртот Вака, јужниот крај на островот Санана, преку овој остров до неговиот северен крај, а оттаму низ Манголскиот Проток до јужниот брег на Манголе (Сула) на [].

Литература Fairbridge, R. E. (1966). The Encyclopedia of Oceanography. New York: Halsted. Wang, James C. F. (1992). Handbook on Ocean Politics and Law. New York: Greenwood Press.

Наводи

Категорија:Мориња во Индонезија Категорија:Молучки Острови Категорија:Малуку Категорија:Мориња во Тихиот Океан