мини|Џеки од 2016 година Џеки (англиски: Jackie) — биографски филм од 2016 година режиран од Пабло Лараин по сценарио на Ноа Опенхајм.
Главна улога во филмот игра Натали Портман како Џеки Кенеди, следејќи го нејзиниот живот по атентатот извршен над нејзиниот сопруг Џон Кенеди во 1963 година. Во филмот иста така играат Питер Сарсгаард, Грета Гервиг, Били Крудап и Џон Херт. Ова било последен објавен филм во кој игра Џон Херт пред неговата смрт во јануари 2017 година.
Џеки премиерно бил прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал, каде бил во конкуренција за наградата Златен лав, додека пак во САД бил издаден на 2 декември 2016 година од дистрибутерот Fox Searchlight Pictures. Филмот се здобил со универзално критичко признание и добил номинации за три Оскари на 89. доделување на наградите, и тоа во категориите најдобра глумица (Портман), најдобра оригинална музика и најдобра костимографија.
Содржина Филмот ја следи Џеки Кенеди (Натали Портман) во деновите кога таа била прва дама на САД и нејзиниот живот по атентатот извршен над нејзиниот сопруг, претседателот Џон Ф. Кенеди, во 1963 година. Позната по своето исклучително достоинство и спокојство, Џеки Кенеди се бори со болката и траумата да ја поврати својата вера, утеши своите деца, и да го дефинира историското наследство на нејзиниот сопруг.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Биографски филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Чилеански филмови