Махершалалхашбаз „Машерхала“ Али (роден Махершалалхашбаз Гилмор; на 16 февруари 1974 г.) — американски глумец. Али ја започнал својата кариера играјќи во сериите Преминувајќи ја Јордан и Извештај матрица пред да ја добие улогата на Ричард Тајлер во научнофанатастичната серија 4400, со која направил важен чекор во кариерата. Својата прва голема филмска улога тој ја добил во романтичната фантастична драма Необичниот случај на Бенџамин Батон. Тој исто така играл во филмовите Грабливци, Местото зад боровите, Слободна држава Џонс, Скриени фигури и ја играл улогата на Богс во филмскиот серијал Игри на гладните. Али е исто така познат по улогите во сериите Куќа од карти и Лук Кејџ

За својата изведба како дилерот на дрога Хуан во драмата Месечина (2016), Али добил универзално признание од филмските критичари и добил Оскар за најдобар спореден глумец и номинација за Златен глобус. Филмографија Филм Година Наслов Улога 2003 Револуционер Мак Ласлов 2008 Необичниот случај на Бенџамин Батон Тизи Ведерс 2009 Преку граници Детектив Стрикленд 2010 Грабливци Момбаса 2012 Местото зад боровите Кофи Канкам 2013 Повеќе од сестри Дез 2014 Надмоќност Риверс 2014 Игрите на гладните: Мокингџеј – 1 дел Богс 2015 Игрите на гладните: Мокингџеј – 2 дел Богс 2016 Удари Марлон 2016 Слободна држава Џонс Мозес Вашингтон 2016 Месечина Хуан 2016 Скриени фигури Џим Џонсон

Телевизија Година Наслов Улога Белешки2001–2002Преминувајќи ја ЈорданД-р. Треј Сандерс19 епизоди2002ПрогонуванАлекс ДалкурЕпизода: "Abby"2002Њујоршка полицијаРашард КолманЕпизода: "Das Boots"2003Истрага на местото на злосторството: Лас ВегасОбезбедувачЕпизода: "Lucky Strike"2003–2004Извештај матрицаЏелани Харпер15 епзиоди2004–20074400Ричард Тајлер28 епизоди2009Лажи меДетектив Дон ХјузЕпизода: "Do No Harm"2009Закон и ред: Одделение за посебни жртвиМарк ФостерЕпизода: "Unstable"2010Невино осуденКелвин ВилисТВ филм2011–2012ТремеЕнтони Кинг6 епизоди2011–2012АлфиНејтан Клеј12 епизоди2012АлкатразКларенс МонтгомериЕпизода: "Clarence Montgomery"2013–2016Куќа од картиРеми Дантон33 епизоди2016Лук КејџКорнел Стоукс7 епизоди

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1974 година Категорија:Американски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус