Омлоп Хет Ниусблад (; претходно позната како Омлоп Хет Волк) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка за мажи и жени, која почнувала и завршувала во Гент, Фландрија, Белгија. Вообичаено се одржува кон крајот на февруари. Претставува воведна трка во белгиската велосипедска сезона како прва трка во годината во северозападна Европа и поради тоа има значаен престиж. Во 2017 година, трката била вклучена по првпат во Светската турнеја. До 2016 година била 1. HC трка во Европската турнеја.
Трката започнува и завршува во Гент, Фландрија, поминувајќи низ ридовите во областа Фламански Ардени, означувајќи го почетокот на сезоната на калдрмисаните класици во Европа. Поради својот ран датум во календарот, често се соочува со ладно време, што е целосна спротивност на раните етапни трки на Средниот Исток и во Јужна Европа. Следниот ден се одржува Курне-Брисел-Курне со што се заокружува воведниот викенд.
Од 2006 година истиот ден се одржува и женско издание, започнувајќи и завршувајќи на истото место во должина од околу 130 километри. Обата настани се организирани од Фландриски класици.
Историја Омлоп Хет Волк
Првпат одржана во 1945 година, трката била наречена „Омлоп ван Вландерен“ (Omloop van Vlaanderen), што означува Круг околу Фландрија. Трката била започната од фламанскиот весник Хет Волк, како одговор на класикот Трка околу Фландрија на соперничкиот весник Хет Ниусблад. Хет Волк, левичарски весник, сакал да започне нова велосипедска трка во Фландрија како соперничка трка на наводната блискост на Трката околу Фландрија со нацистите во текот на Втората светска војна. Организаторите на трката протестирале дека името било преслично на нивното — постои мала семантичка разлика помеѓу „Ронде“ и „Омлоп“. Белгиската велосипедска федерација побарала Хет Волк да го промени името на настанот.Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p69Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p72 Во 2009 година, поранешните сопернички весници „Хет Волк“ и „Хет Ниусблад“ се споиле, со што трката била преименувана во „Омлоп Хет Ниусблад“ од 64. издание.
Зимска трка
Поради датумот рано во сезоната, трката понекогаш имала студени и зимски услови. Три изданија на трката биле откажани. Трката во 1971 година била одложена поради снег и била одржана три недели подоцна. ВО 1986 и во 2004 година, организаторите биле принудени да ја откажат трката, бидејќи снегот и ниските температури ја направиле патеката преопасна и не можела да биде гарантирана безбедноста на возачите. Во поново време, организаторите се водат според временската прогноза и ја приладуваат патеката, ако некои делови се сметаат за несигурни. Без поврзаност со времето, трката во 1960 година била откажана поради недоразбирање помеѓу организаторите и регулаторното тело UCI.
Белгиска воведна трка
Традиционално претставува воведна трка во белгиската велосипедска сезона, трката има особено значење за белгиските велосипедисти. Низ историјата, белгиските возачи, навикнати на ладното време и водени од големите групи на поддржувачи, владееле со трката. Белгијците освоиле 56 од 72 изданија, но поради растечкото светско внимание на трката, тие освоиле само четири во последните десет изданија. Во 1948 година, италијанскиот возач Фаусто Копи ја освоил трката, но бил дисквалификуван за нелегална промена на тркалото.
Рекордот за број на победи е три, кој го држат Јозеф Бријер, Ернест Стеркс и Петер ван Петегем. Бријер го има најбрзиот просек (43,35 км/ч) за својата победа во 1975 година. Други познати победници се Еди Меркс, Роже де Влеминк, Фреди Мертенс, Јохан Мизеув, Филип Жилбер и Тор Хушовд.
Рута
мини|180п|лево|Рута на изданието во 2015 година
Омлоп Хет Ниусблад започнува во Гент и се движи низ областа Фламански Ардени на југот од Белгија, вклучувајќи бројни кратки искачувања, пред да се врати во Гент. Од 1996 до 2007 година, завршницата била во Локерен, 20 километри источно од Гент.
Со 200 километри и со 13 искачувања во ридската зона, патеката е предизвикувачка и напорна. Дополнително, има неколку рамни делови на калдрма. И покрај годишните промени, некои од редовните искачувања се: Леберг, Берендрис, Тајенберг, Мур ван Герардсберген, Ејкенберг и Моленберг. Поради ридскиот предел во Фламанските Ардени, трката е слична со онаа на Трката околу Фландрија и често се смета за подготовка за поголемата трка пет недели подоцна. Трката во 2016 година вклучила едно ново искачување, како замена за Моленберг, на кој се изведувале градежни зафати.
Официјалниот почеток и крај традиционално се одржуваат на најголемиот плоштад во Гент, Синт Питерсплејн. Меѓутоа, на секои седум години, Велигден се погодува порано во годината, поради што на плоштадот се одржува панаѓур и организаторите бараат други места. Во 2016 година го одбрале градскиот парк.
Машки победници
Следниве возачи ја освоиле трката:
мини|upright=1.3|Подиум во 2008 година: Ник Нујенс, Филип Жилбер и Тор Хушовд. мини|upright=1.3|Подиум во 2015 година: Ники Терпстра, победникот Ијан Станард и Том Бонен. мини|upright=1.3|Подиумот во 2016 година: Петер Саган, Грег ван Авермат и Тиш Бенот.
Повеќекратни победници
Победи Возач Изданија 3 1952, 1953, 1956 1974, 1975, 1980 1997, 1998, 2002 2 1945, 1951 1949, 1950 1970, 1972 1971, 1973 1977, 1978 1969, 1979 1982, 1983 1984, 1985 1990, 1992 1993, 1994 2000, 2003 2006, 2008 2014, 2015 2016, 2017
Возачите со закосени букви се сè уште активни
Победи по држава
Победи Држава 58 5 4 2 1 , , , , ,
Омлоп Хет Ниусблад за жени
Од 2006 година постои женско издание на Омлоп Хет Ниусблад. Се одржува истиот ден како машката трка, ги користи истите патишта и подеднакво ја отвора женската сезона во Северна Европа. Во поновите изданија, рутата била 122 километри со осум искачувања и шест делови на калдрма. Холанѓанката Сузане де Гуде и Швеѓанката Ема Јохансон двапати ја освоиле трката.
Издание Победник Второпласирана Третопласирана2006 Сузане де Гуде Мирјан Мелхерс Тања Хенес2007 Мие Бекер Лакота Моника Холер Јаколин Валард2008 Кирстен Вилд Ангела Бротка Ема Јохансон2009 Сузане де Гуде Ноеми Кантеле Кели Дрејтс2010 Ема Јохансон Лизбет де Вохт Грејс Вербеке2011 Ема Јохансон Андреа Босман Шантал Блак2012 Лус Гуневејк Елен ван Дејк Трикси Ворак2013 Тифани Кромвел Меган Гварни Ема Јохансон2014 Ејми Питерс Ема Јохансон Лизи Армитстид2015 Ана ван дер Бреген Елен ван Дејк Лизи Армитстид2016 Лизи Армитстид Шантал Блак Тифани Кромвел2017 Лусинда Бранд Шантал Блак Анемик ван Влетен2018 Кристина Сигард Алексис Рајан Марија Џулија Конфалониери2019 Шантал Блак Марта Бастијанели Јип ван ден Бос2020 Анемик ван Влетен Марта Бастијанели Флортје Макај2021 Ана ван дер Бреген Ема Норсгард Јергенсен Ами Питерс2022 Анемик ван Влетен Деми Волеринг Лорена Вибес
Омлоп Хет Ниусблад под 23 години
Од 1950 година се одржува и посебно издание за возачите под 23 години.
Литература European Cycling - The 20 Greatest Races by Noel Henderson (1989) ISBN 0-941950-20-4.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Велосипедски трки во Белгија Категорија:Класични велосипедски трки Категорија:Европска турнеја на UCI Категорија:Трки од Европската турнеја на UCI