Борисов арена е фудбалски стадон во Борисов, Белорусија на кој играат БАТЕ Борисов и репрезентацијата на Белорусија. Максималната сместивост на стадионот изнесува 13,126 гледачи.
Историја Првиот официјален натпревар одигран на Борисов арената бил финалниот натпревар од купот на Белорусија во сезоната 2013–14 во кој играле екипите на Неман Гродно и Шахтјор Солигорск. Натпреварот завршил со победа од 1–0 за екипата на Шахтјор Солигорск, а украинскиот играч Артем Старгородски го постигнал првиот гол воопшто на стадионот пред повеќе од 11.000 гледачи.
Натпревари на репрезентацијата Фудбалската репрезентација на Белорусија својот прв натпревар на Борисов арената го одиграла на 4 септември 2014 година, победувајќи со 6–1 над Таџикистан во пријателски натпревар. Првиот официјален натпревар, белоруската репрезентација го одиграла на 9 октомври 2014 година, и тоа против Украина пред 10,512 гледачи. Натпреварот бил во рамките на квалификациите за Европското првенство 2016, и завршил со резултат 0–2 во полза на Украина.
Список на натпревари # Датум Противник Резултат Гледачи Натпреварување 1. 4 септември 2014 Таџикистан 6–1 2,400 Пријателски натпревар 2. 9 октомври 2014 Украина 0–2 10,512 Квалификации за Европско првенство 2016 3.12 октомври 2014 Словачка 1–3 3,684 Квалификации за Европско првенство 2016 4. 18 ноември 2014 Мексико 3–2 6,700 Пријателски натпревар 5. 14 јуни 2015 Шпанија 0–1 13,121 Квалификации за Европско првенство 2016 6. 12 октомври 2015 Македонија 0–0 1,545 Квалификации за Европско првенство 2016
Галерија
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на ФК Бате Борисоб
Категорија:Фудбалски стадиони во Белорусија Категорија:Стадиони во Европа