Дејанчо Богданов (, Велешко, — , ) — македонски бранител, војник на АРМ, учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 24 март 2001 година од експлозија на бомба при обука.„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга, 2002 Животопис Живот, војната 2001 и сведоштва

Дејанчо Богданов е роден на 27 февруари 1980 година во Чашка, Велешко. Кога започнал Воениот конфликт во 2001 година бил дел од Велешката бригада, која во текот на седумте месеци воени операции била распоредена на Матка, Рашче, Танушевци, Карпалак, Кучково, Слупчане и Ваксинце. Загинал на 24 март 2001 година од експлозија на бомба при обука во близината на Велес. Неговото име било испишано на бронзената плоча на Споменикот на Бранителите во центарот на Скопје. Богданов е еден од шестемина велешки бранители кои го положиле својот живот во територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија. Дејанчо Богданов посмртно бил одликуван со Медал за храброст од Претседателот на Р Македонија. Наводи

Категорија:Луѓе од Чашка Категорија:Македонски бранители