Норетистерон е лек кој се користи во третманот на дисфункционални крварења, примарна и секундарна аменореја, предменструален синдром, циклична мастопатија, планирање на менструација, ендометриоза. Претставува синтетски прогестоген (или прогестин) и има слични ефекти како и природниот прогестерон, како супресија на гонадотропините, инхибиција на овулацијата.
Денес се користат и голем број на пролекови на норетистеронот, како што се норетистерон ацетат, норетистерон енантат, етинодиол диацетат, линестренол.
Наводи
Категорија:Естрани Категорија:Прогестогени Категорија:Енони Категорија:Деривати на алкените