Централна Грција или Средна Грција (грчки: Στερεά Ελλάδα) — една од тринаесетте периферии на Грција. Таа е поделена на префектурите Евбеја, Евританија, Фокис, Фтиотис и Беотија. Централна Грција е централниот регион на Грција, на север од Атика и Пелопонез и на исток од Западна Грција и на југ од Тесалија и Епир. Регионот е еден од најпланинските во Грција. Климата на Централна Грција е умерена вдолж брегот и сува во внатрешноста.
Градови во секоја префектура: (Префектурите се со задебелени букви)
Евбеја: (грчки: Εύβοια) Халкида (главен град) Агиос Лукас Еретрија Алеври Лимни Истиеја Псакна
Евританија: (грчки: Ευρυτανία) Крпеница, грч. Карпениси (главен град) Мегало Хорио Микро Хорио Агиос Николаос Аграфа Просос
Фокида: (грчки: Φωκίδα) Амфиса (главен град) Полидрасо Десфина Евпаљо Калоскопи
Фтиотида: (грчки: Φθιώτιδα) Ламија (главен град) Камена Вурла Ипари Малесина Мартинос Сперхијада Мармара Аталанди Стилида
Беотија: (грчки: Βοιωτία) Ливадија (главен град) Теба Асопија Пили Еликонас Паралиа Авлидос (поранешно Драмеси) Агиос Томас
* Категорија:Држави и територии настанати во 1987 година