Канџа () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Аниксија бил дел од општина Маслар.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 34 километри западно од Ставрос и 61 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа во јужното подножје на Богданска Планина (Кердилија), над јужниот брег од Мавровско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 420 метри.
Во селото се наоѓа црква посветена на Свети Атанасиј.
Историја
Во XIX век Канџа било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство. Во статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото не се споменува, кое означува дека селото порано било напуштено.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Во 1928 година селото било преименувано во АниксијаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 42 семејства и со 177 жители., додека во 1940 година селото броело 369 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 353 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 478 жители, во 1971 година имало 404 жители, во 1981 година имало 327 жители, додека во 1991 година имало 278 жители а во 2001 имало 254 жители. Денеска, населението на селото е 238 жители според пописот од 2011 година.
Знаменитости Црква „Св. Пантелејмон“ 1932 г., а потоа обновувана
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик
Категорија:Бешик